Nissan отпушта 20.000 вработени

- Advertisement -

Поради пад на продажбата од 40% во споредба со периодот пред пандемијата и загубите, кои достигнаа 4,7 милијарди долари во 2024 година, јапонскиот производител на автомобили Nissаn најави обемно реструктурирање. Во наредните години планираат да отпуштат 20.000 работници и да го намалат производството за 1 милион возила.

Под новиот извршен директор, Иван Еспиноза, Nissаn ќе затвори седум фабрики низ целиот свет. Во Јапонија ќе бидат затворени две фабрики во префектурата Канагава, додека во странство ќе се затворат фабрики во Мексико (две), Аргентина, Јужна Африка и во Индија.

- Advertisement -

Најголемите промени ќе се доживеат во Мексико, каде што ќе бидат затворени две од неговите три фабрики. Меѓу нив е и најстарата фабрика на Nissаn надвор од Јапонија, CIVAC во државата Морелос, изградена уште во 1966 година. Во Јужна Африка ќе биде затворена фабриката во близина на Преторија, која произведуваше само 10.000 возила годишно.

Компанијата се фокусира на докажани и богати пазари како што се САД, Јапонија, Европската унија и Кина, додека се откажува од пазарите на земјите во развој. Ова е веќе видливо од примерот на Индија, каде што Nissаn го продаде својот удел во фабриката на својот партнер Renault. Иако фабриката во Индија произведе 2.5 милиони возила од 2010 година, понатамошната продажба ќе оди преку француската компанија.

- Advertisement -

Крајната цел на реформите е намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и подобро искористување на производствениот капацитет. До 2027 година Nissаn ќе го намали вкупниот број фабрики од 17 на 10. Производството ќе падне од просечно 3.5милиони на 2.5 милиони возила годишно.

(Kamatica)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -