Со моќен звук, прилагодливо осветлување и продолжено време на репродукција, новиот Sound Tower е создаден за секоја пригода.
И двата модели носат динамичен дизајн, разновидна преносливост и оптимизирани звучни режими за овозможување персонализирано аудио искуство со беспрекорно користење и во затворен и на отворен простор.
Скопје, 3 септември 2025 –Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави новиот Sound Tower (модели ST50F и ST40F), најновата иновација во областа на преносливиот аудио-систем. Создаден за големи собири, овие нови модели ја комбинираат напредната акустична технологија со динамичен, модерен дизајн за да понудат импресивно забавно доживување преку светлина и звук.
„Новиот Sound Tower поставува нов стандард за тоа како потрошувачите ги доживуваат забавните содржини и во затворени, и на отворени простори,“ изјави Хун Ли, извршен потпретседател на Visual Display Business во Samsung Electronics. „Со прилагодливи светлосни ефекти и унапреден дизајн кој произведува целосно обвиткувачки звук, тој ја нагласува посветеноста на Samsung за обезбедување на иновативните аудио-решенија за разновидните животни стилови на потрошувачите.“
Моќен парти-звук
Редизајнираната акустична структура на Sound Tower испорачува до 240W¹ богат звук кој ја исполнува просторијата со исклучителна јасност и длабок бас. Со примена на Waveguide технологијата на Samsung во двојните куполести високотонци, аудиото се дистрибуира и унапредува за да се обезбеди поширока и порамномерна звучна сцена. Оваа оптимизација нуди јасни високи тонови кои се слушаат чисто, додека двојните вуфери испорачуваат прилагодлив бас со режими Deep, Punchy и Gentle, кои им овозможуваат на слушателите да го прилагодат звукот според своите преференции. Четири дополнителни звучни режими — Standard, Wide, Stadium и Outdoor — им дозволуваат на корисниците уште подобро сетирање на аудиото за да одговара на секоја пригода, од забави со скара во дворот до преполни танц-подиуми.
Без разлика дали е во затворен простор или на отворено, корисниците можат да уживаат во долготрајни перформанси со до 18 часа автономна репродукција со едно полнење. Заменливата батерија обезбедува забавата да продолжи без прекини, додека IPX4 водоотпорноста нуди сигурност при користење на отворено. За уште поимпресивен звучен пејзаж, корисниците можат да поврзат повеќе единици преку Auracast™ Group Play, или да спарат два Sound Tower уреди преку Stereo Play со True Wireless Stereo (TWS) за вистинско лево-десно канално аудио.

Живописни Party Lights + за секое расположение
Системот Party Lights + на Sound Tower ја претвора секоја забава во импресивно аудиовизуелно искуство. Со пет претходно зададени расположенија и шест динамични светлосни шеми, корисниците можат да ја создадат совршената атмосфера преку Samsung Sound Tower апликацијата. Системот реагира во реално време, анализирајќи ги ритмите и фреквенциите на музиката за да активира десетици LED диоди синхронизирани со тактот. Прилагодливите опции за расположение вклучуваат широк спектар на ефекти, движења и бои — Wave, Trail, Spark, Breeze, Flow и Flare — што го прави едноставно креирањето на атмосфера, од „Festival“ до „Chill“.
Надграденото LED осветлување се протега низ пет клучни области на звучникот за да понуди 360° ефект:
- Track light: иконична LED светлосна трака во форма на тркачка патека што ги опкружува двата вуфери и прикажува живописни шеми.
- Ring light: LED светла што истакнуваат силни бои околу двата високотонци.
- Line lights: четири линиски светла по периметарот што ја обрамуваат кутијата на звучникот за драматичен ефект.
- Crystal lights: сместени во центарот на основата и на ногарките на звучникот за да создадат енергична атмосфера.
- Handle light: служи и како функционален детаљ — го осветлува контролниот панел и нуди потпора за таблет или смартфон за полесна интеракција и управување со музиката и поставките.
За дополнителна забава, вградените режими DJ Booth и Karaoke, како и приклучокот за гитара, го претвораат секој простор во жива сцена, комбинирајќи моќен звук и осветлување за вистинско парти-искуство.
Пренослив и издржлив
Дизајниран за разновидност, Sound Tower со својот смел, геометриски облик, интегрирано осветлување и изведба подготвена за транспорт е подеднакво впечатлив визуелно и функционално. Тој ја редефинира преносливата парти-аудио категорија со совршен баланс на моќ, дизајн и удобност. Новите модели ја носат и Grip & Roll изведбата на Samsung, со долна рачка и интегрирана дршка кај моделот ST40F, како и дополнителни тркала и телескопска рачка кај моделот ST50F за лесна мобилност. Секој модел е дизајниран да обезбеди напредно аудио-искуство што одговара на различни потреби:
- Sound Tower ST50F: излезна моќност 240W, до 18 часа траење на батерија, двојни 6.5” вуфери, двојни куполести високотонци од 25mm, телескопска рачка + тркала, IPX4 водоотпорност.
- Sound Tower ST40F: излезна моќност 160W, до 12 часа траење на батерија, двојни 5.25” вуфери, двојни куполести високотонци од 20mm, интегрирана рачка, IPX4 водоотпорност.
Новиот Samsung Sound Tower е веќе достапен на глобално ниво. За повеќе информации, посетете ја страницата на Samsung.com.