Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше домаќин на состанок на лидери од Силиконската долина со висок профил во Белата куќа. На масата беа Тим Кук (Apple), Марк Цукерберг (Meta), Бил Гејтс (Microsoft), Сем Алтман (OpenAI), Сундар Пичаи (Google) и Арвинд Кришна (IBM).
На состанокот присуствуваа и претставниците на администрацијата на Трамп, Дејвид Сакс и Сузи Велс. Сепак, отсуството на двајца клучни играчи на глобалната технолошка сцена – Елон Маск (Tesla, X, SpaceX) и Јенсен Хуанг (NVIDIA) – покрена прашања, со оглед на тоа што Маск е централна фигура за развојот на вештачката интелигенција, додека Хуанг е лидер во индустријата за чипови.
Средбата ги покажа сè посилните врски на администрацијата на Трамп со американските технолошки компании, што може да сигнализира нова фаза на соработка помеѓу државата и приватниот сектор во областите на дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и инфраструктурата. Сепак, отсуството на некои од највлијателните гласови покажува и одредени поделби или барем претпазливост на некои лидери кон курсот на Трамп, објави „Фјучртек“.
Прескокнувањето на Маск на таков нчастан може да се толкува на неколку начини – од неговите добро познати несогласувања со одредени технолошки кругови, преку сложени односи со американската политика, до можноста дека сака да задржи поголема автономија во својот бизнис. Неговото отсуство остави простор за шпекулации, додека другите гиганти од Силиконската долина се позиционираат поблиску до Белата куќа.
(Bizlife)