Германија го лансираше најмоќниот компјутер во Европа

- Advertisement -

Германија денес го претстави Јупитер, најмоќниот европски суперкомпјутер, во истражувачкиот центар во Јилих. Системот, вреден 500 милиони евра, беше заеднички финансиран од Германија и Европската Унија.

Компјутерот Јупитер може да извршува еден квинтилион (18 нули!) пресметки во секунда, што е споредливо со моќта на речиси 1 милион паметни телефони. Се напојува со 24.000 Nvidia чипови, што го прави идеален за најсложените задачи.

- Advertisement -

„Јупитер ќе биде најнапредниот и најразновиден систем со квинтилион капацитет во светот за високопрецизни симулации и обука на најголемите модели на вештачка интелигенција“, рече Томас Липерт, раководител на центарот во Јилих.

Научниците се надеваат дека овој суперкомпјутер ќе ѝ помогне на Европа да го намали јазот во вештачката интелигенција зад САД и Кина. Покрај тоа, Јупитер ќе поддржува долгорочни климатски прогнози, симулации на мозокот и енергетски иновации.

- Advertisement -

Иако е најмоќен во Европа, Јупитер е четвртиот најмоќен суперкомпјутер во светот. Првите три се во Соединетите Американски Држави и се способни да извршат повеќе од илјада квадрилиони пресметки во секунда.

(Kamatica)

Сподели!
- Advertisement -