- Advertisement -
Сателитската интернет услуга Starlink на американскиот милијардер Илон Маск е прекината, беше објавено денес на веб-страницата на услугата.
„Starlink моментално доживува прекин. Нашиот тим истражува“, се вели во соопштението, без дополнителни детали, пренесува Ројтерс.
Веб-страницата за следење на прекините DownDetector објави дека повеќе од 43.000 корисници во Соединетите Американски Држави биле погодени од прекинот, додека прекини се пријавени и во Италија, Полска и други земји.
- Advertisement -
Фото – Flickr
- Advertisement -