Startup Weekend Skopje 2025: Иновации во Fintech кои го менуваат финансискиот свет

- Advertisement -

Најголемиот претприемачки настан во Северна Македонија, Startup Weekend Skopje 2025, ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември. Оваа година, фокусот е на една од најбрзорастечките и најдинамични индустрии во светот на технологијата — Fintech.

Startup Weekend Skopje е дел од глобалната мрежа на Techstars, поддржан од Google for Entrepreneurs и се организира во повеќе од 159 земји, низ кои поминале над 430,000 млади претприемачи.

- Advertisement -

Локацијата на одржување на Startup Weekend Skopje 2025 и оваа година е централната експозитура на ПроКредит Банка, која е првата дигитална банка во нашата земја и одговорна финансиска иниституција која секогаш поддржува настани и компании кои се грижат за позитивен општествен импакт и дигитални иновации. Воедно, ПроКредит Банка заедно со MasterCard се главните спонзори кои ја шират истата страст и визија за подобра иднина со Startup Weekend Скопје 2025.

Fintech, скратено од „financial“ и „technology“, претставува технологии, апликации и софтвери кои им овозможуваат на поединци или компании дигитален пристап, управување и увид во финансиските средства, како и брзо извршување финансиски трансакции. Како што потрошувачите сè повеќе се снаоѓаат со дигитални алатки, fintech станува клучен фактор во решавањето на финансиски предизвици и постигнувањето на финансиски цели; од банкарство и буџетирање, до инвестирање и кредитирање.

- Advertisement -

Овој тридневен настан претставува платформа каде млади претприемачи, програмери, дизајнери и иноватори ќе ги прикажат своите идеи и ќе развиваат финтех решенија кои ќе го трансформираат начинот на користење финансиски услуги, правејќи ги поедноставни, подостапни и побезбедни.

Зошто ја одбравме темата Fintech?

- Advertisement -

Fintech индустријата овозможува персонализирани, иновативни и брзи решенија за финансиски услуги, со акцент на адаптивност и континуирани подобрувања во одговор на технолошките и корисничките потреби. Користејќи напредни технологии како вештачка интелигенција, податоци за анализа и автоматизација, fintech платформите им нудат на корисниците можност за персонализирана контрола над сопствените финансии, подобрувајќи ја финансиската писменост и олеснувајќи управување со буџетите и трансакциите.

Со цел да се искористи овој потенцијал, Startup Weekend Скопје 2025 ги повикуваат учесниците да создадат иновативни алатки кои ќе решаваат реални финансиски предизвици, од паметно буџетирање и дигитални системи за плаќање, па сè до автоматизација и интеграција на финансиски услуги со употреба на AI.

Актуелните трендови во fintech кои се од големо значење за Startup Weekend Скопје 2025 вклучуваат употреба на вештачка интелигенција за персонализирани финансиски алатки, засилување на безбедноста преку биометриски и дигитални системи за верификација, автоматизација на процеси како и прилагодување кон новите регулативи и интегрирање на одржливи и етички практики. Овие насоки ја формираат современата рамка на иновации во финтех секторот и се клучни карактеристики што учесниците потенцијално ќе ги интегрираат во своите решенија на Startup Weekend Скопје 2025.

Овие решенија можат да бидат наменети за крајните корисници (физички лица) со цел обезбедување подостапни, поедноставни, поинклузивни и попаметни решенија за пристап до финансиски алатки, или пак за бизниси со цел дигитализација на нивните процеси и унапредување на ефикасност во нивното интерно работење.

Што може да очекуваат учесниците?

  • Работа во креативни тимови со менторство од врвни финтех, финансиски и стартап експерти;

  • Поддршка за развој и презентација на иновативни бизнис решенија насочени кон нови, практични и ефективни финтех алатки;

  • Можност за директна соработка со ПроКредит Банка и стратешки партнери за понатамошна имплементација и развој;

  • Вмрежување, стекнување нови знаења и искуства во динамична, инспиративна и средина која пружа подршка.
  • Вредни награди за победниците кои ќе им овозможат развој на нивната стартап идеја до основање на сопствен бизнис

Startup Weekend Skopje 2025 е повик до сите креативци, иноватори и претприемачи кои сакаат да бидат дел од финтех револуцијата и да создадат решение со вистински импакт врз финансиските технологии на поединци и компании!

Набавете ги вашите карти (ЛИНК ДО КАРТИТЕ) и приклучете се кон мисијата за создавање иновативни финтех решенија кои ќе го подобрат финансиското искуство и пристапот до современи финансиски услуги.

Сподели!
- Advertisement -