Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје 

- Advertisement -

Министерот за дигитална трансформација ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој ќе се одржи во Скопје, на 1 и 2 октомври 2025 година, во Музејот на современата уметност.

Ова регионална платформа ги поврзува владите од регионот, деловната заедница, академијата и меѓународните партнери со цел забрзување на дигиталната трансформација во регионот.

- Advertisement -

Самитот ќе биде организиран на две сцени – главна и технолошка, со три носечки приоритети: дигитален паричник, интероперабилност (поврзување на системи и регистри за прекугранични електронски услуги) и сајбер-безбедност, односно заштита на личните податоци и критичната инфраструктура.

На технолошката сцена ќе бидат отворени теми за вештачка интелигенција, 5G и оптичка инфраструктура, дигитални вештини и пристапот на регионалните компании до единствениот европски дигитален пазар.

- Advertisement -

Министерот подвлече дека се очекуваат повеќе од 800 учесници и говорници, меѓу кои: претседателот на Владата Христијан Мицкоски,  министри од Црна Гора, Албанија, високи претставнци од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, високи претставници на Европската комисија, Регионалниот совет за соработка (RCC), ITU, бизнис секторот од регионот и други меѓународни организации. Меѓу најважните гости и говорници ги очекуваме и Ренате Николаи (DG CONNECT), генералниот секретар на RCC Амер Капетановиќ, заменик-генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) Томас Ламанускас, видео-обраќање од Томас Јарзомбек (Парламентарен Државен секретар на СР Германија), како и од приватниот сектор Свјатослав Сењута од VISA, Марк Васич од Дојче Телеком и Кејт Марш од British Council.

Министерот Андоновски, подвлече дека самитот има исклучително значење затоа што ќе го продолжи „Нашите напори за понатамошно намалување на роаминг трошоците WB6–ЕУ со патека кон „роаминг како дома“, за 0 трошоци за интернет за македонските и граѓаните од Западниот Балкан кога патуваат во ЕУ.“

Сподели!
- Advertisement -