Возрасните и тинејџерите кои се загрижени за времето што го поминуваат на своите телефони сè повеќе ги заменуваат своите паметни телефони со „глупави“ модели.
Многу паметни телефони имаат опција во поставките за проверка колку време поминувате пред екранот во просек дневно. Ова може да доведе до непријатно сознание, бидејќи технологијата што требаше да биде корисна стана опсесија.
Според студија на Универзитетот Харвард, користењето на социјалните медиуми го активира истиот дел од мозокот што се активира при земање нешто што предизвикува зависност. Ова предизвика загриженост за навиките на младите луѓе кога користат телефони.
Во Велика Британија истражувањето на Ofcom проценува дека околу една четвртина од децата на возраст од пет до седум години сега имаат свој паметен телефон.
Некои студии ја поврзаа употребата на социјалните медиуми со негативни ефекти врз менталното здравје, особено кај децата. Некои активисти сакаат да видат ограничувања во возраста за користење на паметни телефони. Други, избираат да ги заменат своите паметни телефони со многу поедноставни уреди, наречени „глупави телефони“, кои имаат само пораки, повици, мапи и неколку други ограничени функции.
Родителите исто така се свртуваат кон „глупави телефони“, не само заради своите деца, туку и за да бидат повеќе вклучени во животот на нивното семејство.
Продажбата на „глупави телефони“ расте во Северна Америка, но одвикнувањето од паметните телефони е полесно да се каже отколку да се направи.
Крис Каспар го основал Techless за да развие намерно здодевен, но елегантен уред кој многу личи на iPhone. Најновата верзија се нарекува Wisephone II. „Нема икони, само зборови, две бои и два фонта“. Тој го опишува како многу мирен, многу спокоен вели тој.
Ќе има неколку ограничени алатки од трети страни, како што е апликацијата Uber, но нема социјални медиуми.
„Го поставуваме прашањето: што е навистина добро за нас?“, рече Каспар.
(BBC/ Bizlife)