Соработката е проширена со испорака на 23.000 паметни дисплеи и софтвер за далечинско управување, со што се модернизираа дилерствата на Toyota ширум светот.
Рекордни 38,8% глобален удел на пазарот за комерцијални дисплеи во вториот квартал од 2025 година го означува најновиот успех во 17-годишното континуирано лидерство.
Samsung Electronics Co., Ltd. денеска ја објави експанзијата на своето партнерство со Toyota Motor, еден од најголемите производители на автомобили во светот, со што решенијата Smart Signage на Samsung ќе бидат воведени во дополнителни дилерства на Toyota на клучни пазари.
Ова проширување следи по успешно спроведената дигитална трансформација во голем обем на 1.250 дилерства во 40 земји, завршена во почетокот на 2025 година во Европа.
Како што купувачите на автомобили сè повеќе се движат меѓу онлајн истражување и физички посети, партнерството има за цел да создаде беспрекорно и поврзано корисничко искуство преку трансформација на традиционалните дилерства во динамични, дигитално унапредени простори.
„Трендот на дигитализација на авто-дилерствата забрзано расте на глобално ниво, а дигиталната сигнализација игра клучна улога во тој процес,“ изјави Хун Чунг, извршен потпретседател и раководител на тимот за Enterprise Business, Visual Display (VD) Business во Samsung Electronics. „Преку нашето партнерство со Toyota Motor, горди сме што испорачуваме иновативни решенија кои го унапредуваат процесот на купување автомобили за клиентите ширум светот. Исто така, посветени сме на развивање на диференцирани технологии прилагодени на потребите на глобално разновидните пазари.“

Подобрување на искуството во Toyota дилерствата
Samsung веќе инсталираше приближно 23.000 Smart Signage дисплеи во Toyota дилерства низ Европа, Блискиот Исток и Заедницата на независни држави (CIS), што претставува еден од најобемните комерцијални проекти за дигитална сигнализација на компанијата досега.
Разновидни Samsung екрани на допир и внатрешни LED дисплеи се поставени на клучни локации во дигиталните дилерства на Toyota, вклучувајќи приемни зони, простории за консултации, зони за изложување возила и простории за одмор на клиентите. Овие производи вклучуваат и серијата QMC – линија на 4K UHD дисплеи со големина од 43 до 98 инчи, кои се одликуваат со анти-рефлексивен панел, униформи рамки за беспрекорно користење во портрет или пејзаж ориентација, како и EPEAT¹ Silver сертификација за еколошки перформанси.
Клиентите во дигиталните дилерства на Toyota можат да разгледуваат модели на возила, да ги прегледуваат спецификациите на производите и да ги истражуваат достапните понуди директно преку Samsung Smart Signage дисплеите. Интерфејсите на допир овозможуваат прилагодување во реално време, помагајќи им на посетителите да ја изградат својата идеална конфигурација на возило на екранот. Овие дигитални алатки овозможуваат поинтерактивно и поефикасно искуство при купување, при што вработените можат да го насочат своето внимание од рутински објаснувања на производи кон поперсонализирани разговори со клиентите.

Далечинско управување со безбедност на ентерпрајз ниво
Сите дигитални дисплеи во дилерствата се поддржани од MagicINFO™, интегрирано решение на Samsung за управување со уреди на далечина, кое им овозможува на тимовите на Toyota да го следат перформансот на екраните и да решаваат проблеми во рамки на целата мрежа на дисплеи преку централизирана контролна табла. Оваа поставеност овозможува подобра контрола на хардверот, минимизирање на прекините и обезбедување конзистентно функционирање на дисплеите без потреба од поддршка на лице место.
Изграден со заштитни механизми на ентерпрајз ниво, MagicINFO е сертифициран според ISO/IEC 27001:2022 и ISO/IEC 27701:2019 од British Standards Institution (BSI)², нагласувајќи ја посветеноста на Samsung на безбедно и на приватност насочено управување со дигиталната сигнализација.
„Интеграцијата на дигиталната сигнализација на Samsung во нашите дилерства донесе вистинска вредност во секоја точка од патувањето на клиентите,“ изјави Дирк Кристианс, менаџер за бизнис трансформација и искуство на брендот во Toyota Motor Europe. „Постојат повеќе етапи во процесот на купување автомобил, и ние мора да ја пренесеме вистинската информација во вистински момент за да обезбедиме одлично искуство за клиентите. Можноста за далечинско управување со нашите дисплеи во реално време преку MagicINFO значително ја зголеми ангажираноста на клиентите во нашите дигитални дилерства.“
Според неодамнешен извештај на Omdia, глобалниот пазар за дигитална сигнализација се очекува да достигне вредност од 12,6 милијарди долари до 2029 година. Во вториот квартал на 2025 година, Samsung постигна рекорден глобален удел од 38,8% по обем, задржувајќи ја својата позиција како водечки светски провајдер на комерцијални дисплеи веќе 17 последователни години³.

За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизори, дигитален сигналинг, паметни телефони, носливи уреди, таблети, апарати за домаќинство и мрежни системи, како и меморија, систем LSI и производство на чипови. Samsung, исто така, напредува во медицински сликoвни технологии, HVAC решенија и роботика, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку Harman. Со својот SmartThings екосистем, отворена соработка со партнери и интеграција на AI во целиот свој портфолио, Samsung обезбедува беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најнови вести, посетете ја Samsung Newsroom на news.samsung.com.
За Toyota Motor
Toyota Motor работи на развој и производство на иновативни, безбедни и висококвалитетни производи и услуги кои носат среќа преку обезбедување мобилност за сите. Во Toyota Motor веруваат дека вистинските постигнувања произлегуваат од поддршката на клиентите, партнерите, вработените и заедниците во кои оперираат.
Од нивното основање пред повеќе од 80 години, во 1937 година, тие ги применуваат своите водечки принципи во стремежот кон побезбедно, позелено и поинклузивно општество. Денес, додека се трансформираат во компанија за мобилност која развива технологии за електрификација, интелигенција и диверзификација, Toyota Motor остануваат верни на водечкит принципи и на многу од целите за одржлив развој на Обединетите нации, за да помогнат во создавање на подобар свет, во кој секој е слободен да се движи.
¹Електронската алатка за еколошка проценка на производи (Electronic Product Environmental Assessment Tool – EPEAT) на Американската агенција за заштита на животната средина (US EPA).
²Овие глобално признаени стандарди потврдуваат дека MagicINFO ги исполнува строгите барања за безбедно управување со информации, намалување на ризиците од неовластен пристап и заштита на личните податоци во рамки на системите за управување со содржина (CMS) за дигитална сигнализација.
³Потрошувачките телевизори се исклучени. Извор: Omdia Q2 2025 Public Display Report.
Samsung ја проширува соработката со Toyota за дигитална трансформација на дилерствата на нови пазари
Соработката е проширена со испорака на 23.000 паметни дисплеи и софтвер за далечинско управување, со што се модернизираа дилерствата на Toyota ширум светот.
Рекордни 38,8% глобален удел на пазарот за комерцијални дисплеи во вториот квартал од 2025 година го означува најновиот успех во 17-годишното континуирано лидерство.
Скопје, 29. септември 2025 – Samsung Electronics Co., Ltd. денеска ја објави експанзијата на своето партнерство со Toyota Motor, еден од најголемите производители на автомобили во светот, со што решенијата Smart Signage на Samsung ќе бидат воведени во дополнителни дилерства на Toyota на клучни пазари.