Samsung и OpenAI најавуваат стратешко партнерство за забрзување на развојот на глобалната AI инфраструктура

- Advertisement -

Samsung ќе ги обедини водечките технологии и иновации во напредни полупроводници, дата центри, бродоградба, облачни услуги и поморски технологии

OpenAI, Samsung Electronics, Samsung SDS, Samsung C&T and Samsung Heavy Industries денеска објавија писмо за нивното стратешко партнерство со цел забрзување на развојот на глобалната инфраструктура за AI дата центри и заеднички развој на идни технологии во релевантни области. Оваа широка соработка ќе ги обедини заедничките сили и лидерството на компаниите на Samsung во областа на полупроводници, дата центри, бродоградба, облачни услуги и поморски технологии.

- Advertisement -

Церемонијата на потпишување се одржа во корпоративното седиште на Samsung во Сеул, Кореја, во присуство на Јанг Хјун Џун, потпретседател и извршен директор на Samsung Electronics; Сунг-Ан Чои, потпретседател и извршен директор на Samsung Heavy Industries; Сечул О, претседател и извршен директор на Samsung C&T; и Џунхи Ли, претседател и извршен директор на Samsung SDS.

Samsung Electronics

- Advertisement -

Samsung Electronics ќе работи со OpenAI како стратешки мемориски партнер за снабдување со напредни полупроводнички решенија за глобалната иницијатива Stargate на OpenAI. Со тоа што побарувачката на OpenAI за меморија се предвидува да достигне и до 900.000 DRAM вафери месечно, Samsung ќе придонесе кон задоволување на оваа потреба преку својата широка палета на високо-перформансни и енергетски ефикасни DRAM решенија.

Како сеопфатен добавувач на полупроводнички решенија, водечките технологии на Samsung ги опфаќаат меморијата, логиката и фабрикацијата, со разновидно портфолио на производи што го поддржуваат целиот AI работен тек – од обука до инференција.

- Advertisement -

Компанијата располага и со диференцирани капацитети во напредно пакување на чипови и хетерогена интеграција помеѓу меморијата и системските полупроводници, што ѝ овозможува да обезбеди уникатни решенија за OpenAI.

Samsung SDS

Samsung SDS влезе во потенцијално партнерство со OpenAI за заеднички развој на AI дата центри и обезбедување на ентерпрајз AI услуги.

Искористувајќи ја својата експертиза во напредни технологии за дата центри, Samsung SDS ќе соработува со OpenAI во дизајнот, развојот и работењето на Stargate AI дата центрите. Согласно LOI договорот, Samsung SDS ќе може да обезбеди консултантски услуги, имплементација и управување за бизниси кои сакаат да ги интегрираат AI моделите на OpenAI во своите интерни системи.

Дополнително, Samsung SDS потпиша договор за препродажба на услугите на OpenAI во Кореја и планира да ги поддржи локалните компании во усвојувањето на ChatGPT Enterprise понудите.

Samsung C&T и Samsung Heavy Industries

Samsung C&T и Samsung Heavy Industries ќе соработуваат со OpenAI за унапредување на глобалните AI дата центри, со посебен фокус на заеднички развој на пловечки дата центри.

Пловечките дата центри се сметаат за предност во однос на класичните, бидејќи можат да одговорат на недостаток на земјиште, да ги намалат трошоците за ладење и да ги редуцираат емисиите на јаглерод. Сепак, нивната техничка комплексност досега ја ограничуваше пошироката примена.

Врз основа на своите сопствени технологии, Samsung C&T и Samsung Heavy Industries исто така ќе истражуваат можности за заеднички проекти во областа на пловечки електрани и контролни центри, покрај инфраструктурата за пловечки дата центри.

Започнувајќи со ова историско партнерство со OpenAI, Samsung планира целосно да ги поддржи целите на Кореја за да стане една од трите водечки нации во светот во областа на AI и да создаде нови можности во овој сектор.

Samsung, исто така, истражува пошироко усвојување на ChatGPT внатре во своите компании за да ја олесни AI трансформацијата на работното место.

За OpenAI

OpenAI е компанија за истражување и примена на вештачка интелигенција. Нашата мисија е да обезбедиме вештачката општа интелигенција да им користи на сите луѓе.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung ја инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, дигиталната сигнализација, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, домашните апарати и мрежните системи, како и меморијата, систем LSI и фабрикацијата.

Samsung напредува и во медицинска визуелизација, HVAC решенија и роботика, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку Harman. Со својот SmartThings екосистем, отворена соработка со партнери и интеграција на AI низ своето портфолио, Samsung нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најнови вести, посетете ја Samsung Newsroom на samsung.mk

За Samsung C&T Corporation

Samsung C&T е меѓународна корпорација со четири бизнис групи: Инженеринг и градежништво, Трговија и инвестиции, Мода и Ресорт. Заедно, тие обезбедуваат услуги и производи во повеќе од 50 земји. Започнувајќи како трговска фирма во 1938 година, Samsung C&T беше првата компанија што работеше под името Samsung. Повеќе информации на samsung.mk

За Samsung Heavy Industries Co., Ltd.

Samsung Heavy Industries Co., Ltd. (SHI) е еден од водечките бродоградители во светот. Основана во 1974 година, компанијата континуирано ги поместува границите на инженерството и градежништвото, зацврстувајќи ја својата позиција како водечки бродоградител во Јужна Кореја, додека реализира различни проекти во областа на бродоградбата и офшор индустријата.

Компанијата е препознаена по својата експертиза во инженеринг, набавка, изградба и испорака на широк спектар на пловила и офшор објекти. SHI е особено ценета за своите капацитети во изградбата на технички комплексни и високо-вредни бродови, вклучително: LNG танкери, контејнерски бродови, FPSO, FLNG и др. Компанијата има историја на развој и изградба на „светски први“ производи, како што се Арктичкиот шатл-танкер и FLNG. Повеќе информации на samsung.com/mk/

За Samsung SDS Co., Ltd.

Како лидер во технологиите за податоци и компјутинг, Samsung SDS ги комбинира технологиите за генеративна вештачка интелигенција со облак и дигитална логистика за да го води патот кон хипер-автоматизација на компаниите.

Samsung SDS им помага на компаниите да ја зголемат својата продуктивност и конкурентност преку Samsung Cloud Platform (SCP), оптимизирана за ентерпрајз, целосно управувани услуги кои одразуваат 40 години индустриско искуство, како и SaaS решенија за бизнис иновации.

Дополнително, Samsung SDS обезбедува глобално интегрирани логистички услуги врз основа на дигиталната платформа за шпедиција Cello Square, со што ја подобрува ефикасноста на логистичките операции и ја поддржува одлуката базирана на податоци.

Сподели!
- Advertisement -