Имлек Протеин, симбол на енергија, сила и издржливост, беше дел од најмасовниот спортски настан во земјава – 21-виот ВизЕр Скопскимаратон, кој оваа година собра рекорден број од над 14 000 учесници.
Како дел од стартниот пакет, Имлек Протеин им обезбеди на тркачите неопходна поддршка и енергија за брзо обновување по трката. Со 30 грама чист млечен протеин во 300 мл, без додаден шеќер и лактоза, и со само 0,1% млечни масти, овој шејк претставува идеален избор за сите што сакаат да ја обноват својата сила, да го забрзаат опоравувањето и да го подобрат своето спортско искуство.
Имлек Протеин шејкот е достапен во четири вкусови – чоколадо, ванила, ф’стак и јагода во пакување од 300 мл, а за љубителите на поголеми порции и во 500 мл пакување од чоколадо и ванила вкус.
Енергијата на Имлек Протеин беше препознатлива и на самата патека, каде што Имлек Протеин тимот го претстави вистинскиот дух на брендот – движење, упорност и тимска мотивација. Трчањето, како дел од активниот начин на живот, е вредност што брендот континуирано ја негува и промовира преку својата поддршка на спортски настани во земјава и регионот.
Погледнете го видеото кое зборува за мотивацијата и духот што го обединува Имлек Протеин тимот.
Со својата висока нутритивна вредност и лесна апсорпција, Имлек Протеин шејкот е совршен партнер не само за Имлек Протеин тимот, туку и за сите спортисти, рекреативци и љубители на активниот живот. Без разлика дали станува збор за тренинг, трка или динамично секојдневие – Имлек Протеин е тука за да даде сила, свежина и поддршка за секој нов предизвик.