Adidas Originals ја претстави својата втора колекција облека за домашни миленици, достапна ексклузивно во Кина.
По успехот на првата серија, новата колекција ја комбинира препознатливата спортска естетика на брендот со разиграни дизајни прилагодени за мачки и кучиња.
Со ова издание Adidas ја продолжува темата за претворање на домашните миленици во стилски икони на улична облека. Колекцијата се состои од стилски ветровки, тесни елеци и тренерки во препознатливиот стил на Аdidas Originals. Секое парче е украсено со познатиот мотив „три ленти“ и лого на детелина, давајќи им на домашните миленици подеднакво софистициран изглед како и нивните сопственици.
Дизајните вклучуваат и материјали отпорни на временски услови, рефлектирачки детали и патенти или копчиња за лесно облекување.
Промотивните фотографии прикажуваат домашни миленици во класични комбинации на adidas, со слоганот „Originals“, што ѝ дава на колекцијата хумористичен, но и моден тон. Иако линијата моментално е достапна само во Кина, таа го истакнува растечкиот интерес на брендот за изданија за животен стил кои ги надминуваат границите на човечката мода.
Новата колекција за домашни миленици Аdidas Originals е веќе достапна преку избрани канали на adidas во Кина и партнерски продавници.
(Bizlife/House of Heat)