Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој од 28 до 30 октомври

- Advertisement -

„Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, е темата на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), што ќе се одржи во Скопје од 28 до 30 октомври. Домаќин на форумот е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН (UNECE, UNESCSP, UNECLAC, UNECA i ESCWS). 

Од МЕРМС денеска најавија дека Форумот ќе обедини над 600 учесници, владини претставници, меѓународни организации и банки, академската заедница, приватниот сектор и граѓански организации, од 70 држави.

- Advertisement -

Како што соопштија постојаниот претставник на УНДП во Скопје Армен Грегоријан и министерката Сања Божиновска, ќе се понуди сеопфатна перспектива за глобалната енергетска транзиција преку споделување национални и регионални стратегии за забрзување на чиста енергија, претставување на иновативни технологии и решенија од меѓународни организации, приватниот сектпр и академијата. Исто така, ќе бидат промовирани механизми за финансирање и партнерства и обезбедување инклузивно учество на младите, жените и граѓанското општество. 

– На организацијата работевме една година, форумот е многу  значаен, обезбедивме над 150 експерти кои ќе бидат панелисти на 35 сесии. Форумот ќе заврши со заедничка декларација, изјави министерката Божиновска. 

Сподели!
- Advertisement -