Аmazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија

- Advertisement -

Amazon планира да инвестира 1,4 милијарди евра (1,63 милијарди долари) во Холандија во текот на следните три години, објави холандскиот финансиски дневен весник FD во понеделникот, повикувајќи се на раководителот на компанијата за Белгија и Холандија.

Инвестицијата делумно е насочена кон развој на вештачка интелигенција за претприемачи кои ги продаваат своите производи на платформата на Amazon, изјави Ева Фаик за FD.

- Advertisement -

Амазон има околу 1.000 вработени во Холандија, каде што неговата онлајн продажба заостанува зад лидерот на пазарот, Bol.com, подружница на малопродажниот синџир Ahold Delhaize.

Порано овој месец Фаик објави инвестиција од 1,16 милијарди долари во белгиските операции на Аmazon.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -