Модниот бренд „Funky Buddha” за прв пат на македонскиот пазар во Diamond Mall

- Advertisement -

„Funky Buddha“, главниот моден бренд на грчката компанија „Altex S.A.”, влегува на македонскиот пазар со отворање на својата прва продавница во трговскиот центар Diamond Mall. Продавницата е лоцирана на првиот кат на молот и нуди модерна облека и обувки за мажи и жени, како и различни модни додатоци.

Брендот „Funky Buddha“ се карактеризира со минималистичка естетика и дизајн инспириран од урбаната култура. Брендот е верен на принципите за одржливост и одржлив развој, нудејќи високо квалитетна, удобна и достапна облека со уникатен карактер.

- Advertisement -

Во новата продавница на „Funky Buddha“ во Diamond Mall се достапни најновите модели на брендот од сезоната есен-зима 2025 година. Можат да се најдат и многу уникатни модни додатоци, кои се вистинско уживање за љубителите на модните трендови.

Основана во 2005 година, „Altex S.A.“ е модна компанија за дизајн и дистрибуција на облека и модни додатоци. Компанијата има мрежа од над 70 продавници во Грција и Кипар и постепено го шири своето присуство во други земји. Вработува 350 вработени и има годишен обрт од 44 милиони евра.

- Advertisement -

Со новата продавница на уште еден ексклузивен моден бренд Diamond Mall дополнително ја збогатува својата шопинг понуда и нуди нов урбан шмек во градот. Покрај шопинг сегментот, кој го сочинуваат 150 продавници, Diamond Mall ја има и Гурманската авенија (Gourmet Avenue), каде што се лоцирани модерни ресторани и кафулиња и Зоната на соништата (Dream Zone), која е најголем едукативно-забавен центар за деца и млади кај нас.

Сподели!
- Advertisement -