Малдивите почнаа да спроведуваат забрана за пушење за сите родени по јануари 2007 година, што ги прави единствената земја со генерациска забрана, соопшти Министерството за здравство.
Мерката, иницирана оваа година од претседателот Мохамед Муизу, стапи на сила на 1 ноември и има за цел да го „заштити јавното здравје и да промовира генерација без тутун“, соопшти Министерството.
„Според новата регулатива, на лицата родени на или по 1 јануари 2007 година им е забрането да купуваат, да користат или да продаваат тутунски производи на Малдивите. Забраната ги опфаќа сите форми на тутун, а продавачите се должни да ја потврдат возраста на купувачот пред да извршат продажба.“ додава тој.
Мерката важи и за посетителите на земјата, која е составена од 1.191 мали корални острови распослани на околу 800 километри околу екваторот и е позната по својот луксузен туризам. Министерството, исто така, соопшти дека целосната забрана за увоз, продажба, дистрибуција, поседување и употреба на електронски цигари и производи за вејпинг останува на сила, применлива за сите, без оглед на возраста.
Продажбата на тутунски производи на малолетници се казнува со парична казна од 50.000 рупии (околу 3.200 долари), додека употребата на уред за вејпинг се казнува со парична казна од 5.000 рупии (околу 320 долари).
Слична генерациска забрана, предложена во Обединетото Кралство, сè уште е во процес на законодавна обработка, додека Нов Зеланд – првата земја што воведе таква забрана за пушење – го укина законот во ноември 2023 година, помалку од една година откако беше донесен.
(Bizlife)


                                    
