Овој четврток, петок и сабота, од 6 до 8 ноември во хотел Мериот ќе се одржи петтото издание на најхедонистичкиот фестивал SKOPJE WHISKEY FEST 2025, во организација на Боттега Евенти.
Фестивалот ќе им понуди на посетителите дегустација на над 80 етикети виски од различни светски дестилерии, вклучувајќи американски бурбони, шкотско, ирско и јапонско виски, како и мастер класови водени од интернационални виски амбасадори. Покрај виски, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во комплементарни брендови кои ќе ги разбудат нивните сетила.
Фестивалот го посетуваат луѓе кои следат урбани и културни настани, професионалци од HoReCa секторот и бизнис заедницата, но и оние кои сакаат да го збогатат своето секојдневие со незаборавни искуства.
Петтото издание ја продолжува традицијата на поддршка на виски културата во Македонија, со акцент на едукација, одржливост и хуманитарен карактер – хуманитарната аукција со отворени виски флаши се насочува кон поддршка на социјално загрозени категории.
Во текот на трите фестивалски дена, програмата е збогатена со внимателно одбрана музичка програма за да задоволи повеќе вкусови во различните денови. Ќе настапат: Полина и нејзините танчери, “South Park” и “Why Not”, диџеj Салтиров, и Dj Funkin Blue од Белград. За прв пат на фестивалот посетителите ќе уживаат во стендап шоу – “Стручњак за виски” на актуелниот комичар Никола-Ниџо.
Мастер класовите се клучен дел од образовниот сегмент на фестивалот и ќе ги водат интернационални амбасадори на виски од Полска и Романија.
Фестивалот ќе биде вистинско уживање за сите хедонисти и љубители на виски, со комбинација од забава, учење и врвна дегустација.
Билетите за фестивалот се достапни на BePay.mk



