Швајцарското сирење Гриер беше прогласено за најдобро сирење во светот на овогодинешниот светски натпревар за сирење, кој се одржа во Берн.
Престижниот меѓународен натпревар собра повеќе од 5.000 учесници од 45 земји, објавува Swiss info. Наградуваниот 18-месечен гриер е произведен во фабриката „Vorderfultigen“ во кантонот Берн, а производител е Пиус Хиц.
Жири од 250 експерти од пет континенти оцени повеќе од 100 сирења, а во финалната рунда беа претставени 14 кандидати.
Ова исклучително признание ја наградува извонредноста на култен производ од швајцарското наследство, резултат на знаење пренесувано од генерација на генерација повеќе од девет века“, соопшти Интерпрофесионалното здружение Гриер.
Натпреварот, кој се одржува од 1988 година, сега за прв пат се организира во Швајцарија, истакнувајќи ги швајцарските традиции и вештини за производство на сирење. Следната година, наградите ќе бидат доделени во Кордоба, Шпанија.
Фото – Wikimedia



