Аналитичарите прогнозираат: Биткоинот ќе скокне на 170.000 долари!

- Advertisement -

Најголемата криптовалута во светот може сериозно да ја загрози пазарната капитализација на златото, проценуваат експертите.

Биткоинот, најголемата криптовалута во светот по пазарна вредност, падна за 1,59% во неделата навечер на 93.684 долари, но повторно се искачи на 95.875,26 долари во понеделник наутро.

- Advertisement -

Аналитичарите на JP Morgan ја идентификуваа најниската точка во тековниот пад на цената на биткоин и прогнозираа дека тоа би можело сериозно да ја загрози пазарната капитализација на златото до 2026 година.

Цената на биткоин нагло падна минатата недела на нешто над 94.000 долари од октомврискиот максимум од 126.000 долари.

- Advertisement -

Сепак, аналитичарите на JP Morgan проценија дека производствената цена на биткоин е околу 94.000 долари, што според нив значи дека просторот за понатамошен пад е многу ограничен.

Исто така, тим од аналитичари од JP Morgan ја повторија својата прогноза за 2026 година, според која биткоинот би можел да се приближи до пазарната капитализација на златото, која изнесува 28,3 трилиони долари, според Forbes.

- Advertisement -

Аналитичарите забележаа дека коефициентот на волатилност на биткоинот во однос на златото се намалува, што укажува на потенцијална цена на биткоинот од околу 170.000 долари во 2026 година.

На удар се и најголемите алткоини, кои бележат уште поголем пад од самиот биткоин. Пазарот е погоден од општо повлекување на инвеститорите, како и од намалување на апетитот за ризик во поширокиот технолошки сектор.

(Kamatica)

Сподели!
- Advertisement -