💡 Отсекогаш си имал иновативни идеи, но си немал шанса да ги оствариш?
БЕСТ Скопје ти овозможува уникатно искуство кое ги обединува креативноста, иновацијата и програмирањето, сѐ на едно место!
Футуратон 2025 е дводневен натпревар коj ги предизвикува твоите вештини за решавање проблеми од областите на IT, AI, маркетинг, дизајн и PR.
БЕСТ Скопје во соработка со ItLabs носат нов концепт за класичните натпревари и овозможуваат поголема креативна слобода во егзекуцијата на решението.
Секој тим ќе има можност да ги трансформира своите идеи во вистинска апликација, сервис или уред кој има цел да ја подобри и унапреди технологијата на иднината.
За да учествуваш не треба да имаш претходно предзнаење, сѐ што ти треба е тим од ентузијастични другари и желба за победа, а за секое прашање ќе се погрижат искусните ментори од нашата партнер компанија ItLabs.
🍀 Покажи го твојот тимски и натпреварувачки дух на годинешното издание на Футуратон и не ја пропуштај шансата да освоиш ваучер за уред по твој избор.
Како да аплицираш?
👉 Сѐ што треба да направиш е да го формираш својот тим и да го кликнеш овој линк.
Апликациите се отворени до 10ти декември, но ние те поттикнуваме да се пријавиш уште веднаш!
📆 Маркирајте ги вашите календари на 20ти и 21ви декември бидејќи најголемиот иновативен натпревар конечно пристигнува меѓу студентите по технологија.



