Групацијата МОЛ изрази интерес за купување меѓународни средства на санкционираниот руски нафтен гигант Лукоил на американските претставници, изјавија денес три извори запознаени со ова прашање.
Кон крајот на октомври Министерството за финансии на САД воведе санкции врз Лукоил и Роснефт, велејќи дека сака да го ограничи буџетскиот капацитет на Русија за финансирање на војната во Украина.
Неколку дена подоцна Лукоил ја објави својата намера да продаде странски средства, потврдувајќи дека прифатил понуда од швајцарскиот мултинационален трговец со стоки Гунвор.
Гунвор ја повлече својата понуда на почетокот на ноември откако Вашингтон сигнализираше дека нема намера да му издаде лиценца за работење.
Кон средината на месецот Министерството за финансии на САД, преку Канцеларијата за контрола на странски средства, го продолжи рокот за склучување договор за продажба на средствата на Лукоил до 13 декември.
Лукоил е во преговори со Exxon Mobil, Shevron и неколку инвеститори од Блискиот Исток, изјавија извори за Reuters во четврток.
Според неименувани извори, интерес покажале и американската инвестициска фирма Carlyle, , „Националната нафтена компанија Абу Даби“ и конгломератот International Holding Company од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Меѓународната подружница на Лукоил, со седиште во Виена, поседува рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија, акции во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак, Мексико, Гана, Египет и Нигерија, како и мрежа од бензински пумпи во 20 земји, вклучувајќи ги Хрватска и САД.
Нафтената и гасната компанија МОЛ е првенствено заинтересирана за купување на рафинериите и бензинските пумпи на Лукоил во Европа, како и акции во наоѓалишта во Казахстан и А зербејџан, изјави еден од трите извори, кој побара да не биде именуван поради чувствителноста на прашањето.
Министерството за финансии на САД одби да даде коментар за Reuters, а МОЛ“ и Белата куќа не одговорија веднаш на барањето на Reuters за коментар.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараше за интересот на МОЛ за средствата на Лукоил со американскиот претседател Трамп на состанок во ноември, изјави еден од изворите.
Унгарија доби ослободување од санкциите на САД по состанокот, што ѝ овозможи да користи руска нафта и гас уште една година, забележува Ројтерс.
Орбан го потврди интересот на МОЛ за рафинеријата на Лукоил во Бургас, Бугарија, пред една година.
(SEEBiz.eu)



