Оптимизам на европските берзи пред одлуката за каматната стапка на ФЕД

- Advertisement -

Европските берзански индекси се во пораст денес, како и цените на златото, додека инвеститорите се фокусирани на мировните преговори за Украина и најновите податоци од Соединетите Американски Држави, кои ќе обезбедат дополнителни информации за Федералните резерви на САД (ФЕД) пред одлуката за клучната каматна стапка на 10 декември.

Одложените податоци за лична потрошувачка во САД за септември, анкетата на потрошувачите на Универзитетот во Мичиген за декември и движењето на индексот на лична потрошувачка (PCE), кој ФЕД го користи за одлуки за монетарна политика, објавува CNBC.

- Advertisement -

Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,41 процент на 23.990,51 поени во 9:30 часот денес, францускиот CAC 40 за 0,21 процент на 8.110,40 поени, Британскиот FTSE 100 за 0,26 проценти на 9.733,19 поени, а московскиот MOEX за 1,24 проценти на 2.689,16 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,07 на 47.850,94 поени пред отворањето на берзата денес, додека вредноста на индексот S&P 500 се зголеми за 0,11 проценти на 6.857,12 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,22 проценти на 23.505,14 поени.

- Advertisement -

Европските фјучерси за гас за јануари се тргуваа по 27,215 евра за мегават-час на отворањето на берзата TTF денес. Според тековните податоци на берзата, цената на суровата нафта падна на 59,659 долари, додека цената на нафтата од типот Брент се искачи на 63,294 долари.

Цената на златото се искачи на 4.225,84 долари за унца, додека цената на пченицата падна на 5,3961 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).

- Advertisement -

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16594 долари, што е за 0,13 проценти повеќе отколку на почетокот на тргувањето.

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -