Општина Аеродром ќе организира селекција на пластика за 600 домаќинства

- Advertisement -

Во првата фаза 50 домаќинства ќе добијат специјални канти за селекција на пластика

Општина Аеродром ќе воведе селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата. Во првата фаза 50 домаќинства ќе добијат специјални канти за селекција на пластика, а до крај ќе треба да се опфатат вкупно 600 домаќинства. Проектот ќе го спроведува јавното претпријатие за комунални дејности, кое ќе го предава отпадот на овластени компании за понатамошен правилен третман.

Од Општината велат дека овој проект е продолжување на Clean AirDrom, за кој е обезбедено и специјално електрично товарно возило за еколошки транспорт на отпад.

- Advertisement -

„Со овој проект, секое пластично шише и пластично пакување ќе има своја вредност, а граѓаните ќе придонесуваат за почисто и поодговорно општество. Целта е да се намали количината на мешан комунален отпад, да се заштити животната средина и да се поттикне развојот на свесни граѓански навики“, велат од Општината.

Фото – Wallpaper Flare

Сподели!
- Advertisement -