Празничната сезона е време за радост, подароци и вкусни моменти со најблиските. За вашето празнично пазарување да биде уште поедноставно и поубаво, Тинекс, заедно со мрежата на Конто маркети и Mastercard, подготвија посебна кампања што ќе ви овозможи брзо, практично и иновативно пазарување – токму онака како што заслужуваат празниците.
Со посветеност на постојано подобрување на купувачкото искуство, Тинекс инвестира во модерни решенија за брзо, практично и иновативно пазарување. Во оваа насока, во соработка со Mastercard, е реализирана празничната кампања што ќе ви овозможи да уживате во побрзо, поудобно и безконтактно плаќање, а истовремено да добиете вреден поврат на средства.
Со секое плаќање со Mastercard дебитна или кредитна картичка на касите за самонаплата во одбраните Тинекс и Конто маркети, ќе имате можност да остварите cashback и да ја наполните вашата кошничка со сè што е потребно за празничната трпеза и подароците.

Како да добиете cashback?
- Пазарувајте со Mastercard на самонаплатна каса во одбраните Тинекс или Конто маркети.
- Направете најмалку четири трансакции во период од 1.12 до 31.12.2025, со вкупна вредност од најмалку 6.000 денари.
- Добијте поврат на средства од 10%, односно 600 денари cashback!
За поголема вредност на купувањето, износот на повратот се зголемува пропорционално – што повеќе пазарувате, толку поголем поврат добивате!
Кампањата се спроведува во одбрани Тинекс маркети низ Скопје, Битола, Охрид и во одредени Конто маркети со достапни каси за самонаплата. На овој начин, Тинекс и Mastercard ви овозможуваат да го искусите модерното празнично пазарување – без редици, без готовина и со вреден поврат на средствата.
За повеќе информации и за локациите со каси за самонаплата:
Тинекс: https://www.tinex.com.mk/mastercard
Конто: https://www.kontomarket.com.mk/mastercard



