Nestlé е првата компанија во светот што развива дигитална платформа HACCP (анализа на опасности и критични контролни точки) со цел управувањето со ризици од безбедноста на храната да биде стандардизирано, мерливо и конзистентно преку дигитални алатки и јасно дефинирани вештини на луѓето што го применуваат системот секој ден.
Оваа иновација носи конкретна промена во праксата во индустријата – попрецизно следење и контрола на ризиците, поголема транспарентност и сигурна дигитална трага на активностите.
Компанијата дизајнираше програма за компетентност (збир на дигитални и функционални вештини) за дигитален HACCP со цел да им овозможи на тимовите да работат на дигитална платформа и да применуваат дигитални практики во секојдневните процеси. Фокусот на дигиталната платформа е на јасни, мерливи вештини, така што управувањето со безбедноста на храната е конзистентно, повторувачко и проверливо без оглед на локацијата или тимот.
Во исто време, дигитализацијата ги поедноставува процесите и ја намалува можноста за грешка, но безбедноста на храната останува невозможна без компетентни луѓе кои го разбираат системот и го применуваат одговорно.
„Дигиталниот HACCP е многу повеќе од премин од хартија на екран, тоа е промена во начинот на кој работиме што ни овозможува порано да ги видиме ризиците, да реагираме побрзо и да обезбедиме целосна следливост на одлуките и корективните мерки. Но, ниедна алатка сама по себе не е доволна, клучот секогаш се луѓето и нивните компетенции. Овој начин на работа е важен бидејќи јасно ги дефинира знаењата и вештините што се потребни за дигиталниот систем навистина да донесе поголема безбедност и конзистентност во пракса“, рече Јелена Дражета, менаџер за безбедност на храната во Nestlé Supply Chain за Југоисточна Европа.
Nestlé управува со околу 3.000 HACCP планови на глобално ниво во повеќе од 300 фабрики, а голем дел од тој систем работи со децении преку табеларни пресметки, на различни јазици и во различни формати, што ја отежнува конзистентноста и глобалниот надзор. Дигиталната трансформација на HACCP овозможи хармонизација на плановите преку единствени, структурирани бази на податоци и автоматизирани работни процеси, со значително помалку рачно внесување и побрзо креирање и ревизија на студиите.
Со интеграции со други системи, како што се SAP и платформите за следење и рано предупредување, ажурирањата можат да се прават во реално време со автоматски известувања и побрз, координиран одговор на нови ризици или регулаторни промени.
(Bizlife)


