Американските акции паднаа во раното тргување денес, поттикнати од загубите во технолошкиот сектор. Индексот Dow Jones падна за 169 поени, или за 0,3 проценти, S&P 500 за 0,4 проценти, а Nasdaq за 0,6 проценти, објави CNBC.
Тргувањето со вештачка интелигенција беше под притисок за време на сесијата. кциите на Nvidia паднаа за околу два проценти, губејќи дел од растот од околу пет проценти од минатата недела. Други гиганти од споменатиот сектор, исто така, претрпеа загуби, пред сè Palantir и Meta, а потоа и како Oracle и AMD.
Во меѓувреме, цената на среброто падна за повеќе од седум проценти откако за прв пат достигна 80 долари за унца. Ова се случи во време кога благородниот метал имаше огромен скок од речиси 150 проценти оваа година.
Големиот инвестициски фонд SLV (iShares Silver Trust), кој поседува физички сребрени прачки, изгуби повеќе од осум проценти како резултат на тоа.
Фото – Picryl



