Уште еден европски град воведува туристичкa такса

- Advertisement -

Од 1 јануари 2026 година секој што ќе престојува во Букурешт ќе плаќа околу 2 евра по ноќ, без оглед на цената на сместувањето.

Патниците што ја посетуваат романската престолнина ќе се соочат со новата туристичка такса од 2026 година, и покрај растечкото противење од хотелскиот сектор. Градскиот совет на Букурешт објави нацрт-одлука претходно овој месец за воведување посебна такса насочена кон промоција на туризмот во главниот град. Брзината на донесувањето на одлуката предизвика загриженост бидејќи, како што велат критичарите, не постои конкретен план за тоа како ќе се трошат собраните средства.

- Advertisement -

Според градските власти, таксата треба да донесе околу 15 милиони романски леи (околу 2,9 милиони евра) годишно и да му помогне на Букурешт подобро да се позиционира како туристичка дестинација, иако деталите за тоа како ќе се врши промоцијата сè уште не се прецизирани.

Почнувајќи од вчера секој турист што ќе престојува во сместувачки капацитети во Букурешт ќе плаќа 10 романски леи по ноќ (околу две евра). За разлика од многу други европски градови, износот на таксата нема да зависи од цената на сместувањето. Таксата ќе ја собираат хотелите и другите даватели на сместување, како и платформите за онлајн резервации како што се Airbnb и Booking.com, или туристичките агенции.

- Advertisement -

Според локалните медиуми, непочитувањето на оваа обврска може да резултира со казни до 1.500 леи (околу 294 евра) за физички лица и до 4.000 леи (околу 785 евра) за правни лица. Заменик-градоначалникот на Букурешт, Стелијан Бујдувеану, изјави дека новата такса ќе донесе додадена вредност во градот преку промоции и организирање настани што ќе бидат од корист за целиот регион.

Федерацијата на романската хотелска индустрија (FIHR) предупреди дека мерката може негативно да влијае на туризмот во Букурешт, кој неодамна бележи пораст на посетители, делумно благодарение на атракциите како што е спа-центарот што стана многу популарен на TikTok. Претставниците на индустријата нагласуваат дека промовирањето на Букурешт е важно, но веруваат дека законот е донесен премногу брзо и на нетранспарентен начин, со ризик градот да стане фискално скап и недоволно промовиран.

- Advertisement -

(BBC/ Kamatica)

(фото: Flickr)

- Advertisement -