Германците го забрануваат греењето на јаглен и дрва

- Advertisement -

Германија воведува драстични мерки и нови строги правила за системите за греење на јаглен кои стануваат минато. Греењето на дрва ќе биде ограничено и строго контролирано. Сопствениците на домови кои не ги почитуваат правилата можат да очекуваат високи казни, а одредени печки ќе можат да се користат само во одредени денови од месецот.

Од 2026 година, инсталацијата на нови системи за греење на јаглен и кокс ќе биде забранета во Германија, додека постојните ќе мора постепено да се укинат најдоцна до 2045 година. Печките на дрва ќе останат дозволени, но под строги услови. Тие мора да ги исполнуваат високите еколошки стандарди, а согорувањето на одредени материјали ќе биде целосно забрането.

- Advertisement -

Ова се однесува на пластика, гума, обоено, лакирано или хемиски третирано дрво, како и весници, отпадна хартија и дрвени влакна. Германските пратеници истакнуваат дека заштитата на општото добро е клучната причина за ваквите мерки.

Од 2026 година, инсталацијата на нови системи за греење со јаглен и кокс ќе биде забранета во Германија, а постојните мора постепено да се укинат до 2045 година. Секој што се грее со дрва мора да користи чисто, необработено дрво, почитувајќи ги строгите ограничувања за емисија на штетни честички.

- Advertisement -

(Politika)
Фото –

Сподели!
- Advertisement -