Цените се под влијание и на фактот дека Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК+ ја повтори својата посветеност на одлуката да ги задржи нивоата на производство непроменети во првиот квартал
Цените на нафтата се зголемија за околу еден процент денес по долг дневен пад, бидејќи прогнозите за глобалната понуда останаа стабилни по американскиот напад врз Венецуела.
Суровата нафта Брент се тргуваше по околу 61,7 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) по околу 58,2 долари за барел, објави Trading Economics. Американските сили го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро во текот на викендот откако ја нападнаа и блокираа производствената и извозната инфраструктура на Венецуела во последните недели.
Иако Венецуела има најголеми докажани резерви на сурова нафта во светот, децениите недоволно инвестирање во енергетската инфраструктура на земјата го ограничија нејзиниот извозен потенцијал, објавува Танјуг. Од друга страна, цените се под влијание и на обновената посветеност на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК Плус) да ги задржи нивоата на производство непроменети во првиот квартал.
Фото – Stockvault



