9.8 C
Skopje
недела, февруари 15, 2026


Клеј Ван Дорен е нов главен извршен директор на Авенга

- Advertisement -

Авенга, глобален партнер за дигитално инженерство и развој на софтвер со примена на вештачка интелигенција, денес објави дека Клеј Ван Дорен е именуван за главен извршен директор, ефективно од денес, 12 јануари 2026 година. Тој ќе го замени Лудовик Гауде, кој ја водеше компанијата низ петогодишен процес на интеграција со кој ги постави темелите за нејзиното натамошно глобално проширување.

Клеј Ван Дорен носи повеќе од 25 години искуство во водење на меѓународни технолошки и дигитални иницијативи. Во Авенга доаѓа од Атос, глобална компанија за ИТ услуги и консултации, каде последно ја извршуваше функцијата Директор за раст на групацијата (Group Chief Growth Officer). Во тој период ѝ помагаше на компанијата да помине низ предизвикувачки период, ја зајакнуваше стратегијата за раст и ги уцврстуваше односите со клучните клиенти.

- Advertisement -

Претходно во компанијата Атос тој беше заменик-извршен директор за глобалната дивизија Tech Foundations со 50.000 вработени и извршен директор за неколку региони: Велика Британија и Ирска, Централна Европа, Северна Европа и Азија-Пацифик. Тој ги трансформираше услугите за значајни клиенти од приватниот и јавнот сектор. Во текот на повеќе од десет години на високи менаџерски позиции, изградил тимови ориентирани кон резултати и им помагал на организациите да се справуваат со крупни промени, со акцент на извонредност во испораката и оперативна отпорност.

Како извршен директор на Авенга, Клеј Ван Дорен ќе предводи повеќе од 6.000 експерти низ Европа, Америка и Азија. Негова цел ќе биде да им помага на клиентите да постигнуваат силни бизнис-резултати преку безбедни и практични иновации во трансформацијата на апликациите, податоците и вештачката интелигенција, како и преку сајбер-безбедност од новата генерација.

- Advertisement -

Карел Комарек, претседател на Управниот одбор на KKCG, инвестиционата компанија која е сопственик на Авенга, изјави: „Именувањето на Клеј доаѓа во важен момент, додека Авенга се стреми да стане глобален лидер во својата област. Неговото искуство во водење сложени технолошки организации и страста за поддршка на клиентите ќе бидат клучни во следната фаза од развојот на компанијата.“

Клеј Ван Дорен додаде: „За мене е чест да ја превземам улогата на извршен директор на Авенга. Компанијата има силни технички капацитети, долгорочни односи со клиентите и искусни експерти. Мојот приоритет е да ги зајакнувам партнерствата и да го задржам фокусот кон успехот на нашите клиенти, а истовремено сакам Авенга да биде одлично место за работа со извонредни можности за развој на нашите луѓе.“

- Advertisement -

Михал Томанек, заменик-директор за инвестиции во KKCG и претседател на Управниот одбор на Авенга, му се заблагодари на директорот во заминување Лудовик Гауде: „Во име на KKCG и Управниот одбор на Авенга, би сакал да му се заблагодарам на Лудовик за неговата посветеност и ангажман. Под негово раководство, Авенга изгради силна глобална платформа и обедини врвните технолошки таленти. За исклучително кратко време, компанијата постигна ниво на интеграција што обично бара многу години, а во исто време продолжи да им служи на клиентите ширум светот. Благодарни сме за придонесот на Лудовик и што помогна да се постават цврсти темели.“

За Авенга:

Авенга е меѓународен консултантски и технолошки партнер кој создава уникатни решенија за сложени бизнис и општествени предизвици. Со повеќе од 6.000 специјалисти, компанијата оперира глобално и нуди целосен спектар услуги, вклучувајќи бизнис и технолошко советување, ентерпрајз решенија, CX, UX и UI дизајн, поддршка и управувани услуги за апликации, како и развој на продукти и софтвер. Авенга служи широкиот спектар индустрии — од телекомуникации и сателитски оператори до банкарство, производство, автомобилска индустрија, мобилност и здравство — и ја поттикнува нивната трансформација водена од вештачката интелигенција. AI капацитетите се вградени во сите услуги во портфолиото, што им овозможува на организациите да спроведуваат интелигентна автоматизација, да го забрзаат донесувањето одлуки и да испорачуваат високо персонализирани кориснички искуства. Авенга е дел од технолошкиот столб на групацијата KKCG.

Сподели!
- Advertisement -