Во 2025 година 20% од компаниите во ЕУ со десет или повеќе вработени користеле технологии за вештачка интелигенција во своето работење.
Ова е солиден раст од 6,5 процентни поени (п.п.) во споредба со 13,5% во 2024 година. Во споредба со 2021 година (7,7%) и 2023 година (8,1%), употребата на технологии за вештачка интелигенција станува сè попопуларна меѓу компаниите од ЕУ.
Највисоки удели на овие компании во 2025 година имало во Данска (42,0%), Финска (37,8%) и Шведска (35,0%). На другиот крај се Романија (5,2%), Полска (8,4%) и Бугарија (8,5%).
Речиси сите земји од ЕУ забележале зголемување на уделот на компании што користат технологии за вештачка интелигенција во споредба со претходната година. Данска забележала најголем раст (+14,5 процентни поени), по што следуваат Финска (+13,5 процентни поени.) и Литванија (+12,5 процентни поени.).
Најчестата употреба на вештачка интелигенција од страна на компаниите во ЕУ била анализа на пишан јазик (11,8%). Потоа следувљ користење на вештачка интелигенција за генерирање слики, видео, звук/аудио (9,5%), пишан или говорен јазик (8,8%) и конвертирање на говорен јазик во машински читлив формат (7,2%).
Во споредба со 2024 година, употребата на вештачка интелигенција што најмногу пораснала во 2025 година е анализа на пишан јазик (+4,9 процентни поени), проследена со генерирање на пишан или говорен јазик (+3,4%).
(Bug.hr)



























