Гордоста на Истра, истарскиот бел тартуф, е на пат кон заштитена етикета за потекло на ниво на Европската Унија. Печурка чија цена достигнува илјадници евра на тој начин ќе добие дополнителна ексклузивност! Истарскиот бел тартуф е заштитен на ниво на Република Хрватска. Прво, беше заштитен на национално ниво, а сега се заштитува и на европско ниво. Рок – две години од датумот на добивање национална преодна заштита.
„Ако успееме во ова, истарскиот бел тартуф ќе биде првата печурка во Европа заштитена со етикета за потекло. Исто така, ќе биде најскапата комерцијална печурка и најскапиот производ по единица количина“, вели Антон Бренко од Здружението на одгледувачи на истарски тартуфи.
Оваа година цената достигна до 2.500 евра за килограм. Со заштита на национално ниво, таа би можела да се зголеми, но ознаката придонесува и за валоризација, ја штити традицијата на производство на тартуфи и гарантира квалитет и автентичност за купувачот.
Фото – Wikimedia






























