Самсунг (Samsung) мониторите овозможуваат судење во реално време и пренос во живо на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026

- Advertisement -

Мониторите “ViewFinity S8” и “Odyssey Ark” им помагаат на судиите и ТВ екипите јасно и сигурно да ги прегледаат најбрзите моменти од натпреварите.

“Самсунг Електроникс” (Samsung Electronics), Светски Олимписки и Параолимписки партнер, обезбеди професионални монитори за судење и пренос во живо за одредени дисциплини во брзо лизгање на кратки патеки на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026.

„Во средини каде што клучните одлуки зависат од она што луѓето го гледаат, прецизноста и сигурноста на сликата се клучни.“ – изјави Хун Ли (Hun Lee), Извршен Потпретседател на бизнисот со визуелни дисплеи (Visual Display – VD) во “Samsung”. „Горди сме што нашите професионални монитори се користат во вакви реални ситуации и продолжуваме да се фокусираме на развој на технологии кои се засноваат на прецизност и доверба.“.

- Advertisement -

Брзото лизгање на кратки патеки е еден од најбрзите и технички најпредизвикувачките спортови на Зимските Олимписки Игри. За крајниот резултат на трките често влијае минимална разлика, понекогаш дури и само 0,001 секунда, или момент како контакт меѓу спортистите или прецизноста на позицијата на лизгалката. Во вакви ситуации, судиите се потпираат на системи со камери со голема брзина и можат да го прегледаат видеото во реално време за да ги проценат инцидентите и да обезбедат фер натпревар.

За да се поддржи овој процес, во сите дисциплини на брзо лизгање на кратки патеки, се користат професионалните монитори на “Samsung” кои овозможуваат преглед на видеото во реално време и следење на натпреварите. Со помош на овие монитори, судиите можат јасно да ги проценат клучните моменти и со самодоверба да донесат конечни одлуки.

- Advertisement -

“ViewFinity S8”: Поддршка за судиите со чист и сигурен преглед на видеото

Во судиските зони покрај терените на Милано Кортина 2026, поставени се 27-инчни монитори “Samsung ViewFinity S8” (модел S80UD), за да се обезбеди фер игра преку преглед на видеата во реално време и постојано следење на натпреварите.

- Advertisement -

“ViewFinity S8” нуди 4K UHD резолуција (3.840×2.160) и сооднос на сликата 16:9, што им овозможува на судиите поголем простор за гледање и анализа на ситните детали, без губење на јаснотијата. Во споредба со стандардните 32-инчни екрани, овој поголем екран овозможува почист преглед на спорните ситуации при истото зголемување на сликата, помагајќи им на судиите со поголема сигурност да ги прегледаат снимките. Поддршката за HDR10 дополнително ги подобрува контрастот и боите, обезбедувајќи верен приказ на видеото во моментите кога се носат клучни одлуки.

“Odyssey Ark”: Поддршка за ТВ-преносите и продукцијата

Мониторите на “Samsung” се поставени и во видео-собите на Олимпискиот радиодифузен сервис (Olympic Broadcasting Services – OBS), официјалниот олимписки емитувач на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК). Во овие продукциски средини, мониторот “Odyssey Ark” им помага на тимовите да следат повеќе преноси во живо истовремено на 55-инчен екран со заобленост од 1.000R и 4K UHD (3.840×2.160) резолуција.

Дизајниран за да го зголеми чувството на внесеност и да го намали искривувањето на сликата, “Odyssey Ark” им помага на продукциските тимови постојано да имаат јасен поглед на брзите акции додека траат напнатите натпревари. Времето на одговор од 1ms GtG[1] обезбедува постојана јасност на сликата при динамични сцени, овозможувајќи непречено следење на сите процеси во продукцијата во живо.

Овозможување напредна технологија за екрани на светските спортски настани

За време на Зимските Олимписки Игри Милано Кортина 2026, “Samsung” ја спроведува својата глобална Олимписка и Параолимписка кампања „Отвореноста секогаш победува“ (Open Always Wins). Прв пат претставена на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024, оваа кампања ја одразува вредноста на отвореноста преку прифаќање на различностите, отфрлање на дискриминацијата и создавање поголеми можности преку соработка. На Милано Кортина 2026, оваа порака се споделува преку тимот “Samsung Galaxy”, официјалните спортисти-амбасадори на “Samsung” за Олимписките и Параолимписките игри.

Надградувајќи го своето искуство во поддршката на натпреварите во живо и средините на пренос на Милано Кортина 2026, “Samsung” ќе продолжи да развива решенија за монитори оптимизирани за светски спортски настани и сложени теренски операции, поддржувајќи фер натпревари и беспрекорна продукција и во најпредизвикувачките услови.

                                                                         ###

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

За вклученоста на “Samsung“ во Олимписките Игри
“Samsung” е Светски Олимписки Партнер од Зимските олимписки игри во Нагано 1998 година. Речиси 30 години, спортистите и навивачите веруваат во трансформативната мобилна технологија на “Samsung” за споделување на Олимпискиот дух на глобално ниво и продолжуваат да ја обликуваат дигиталната иднина за Олимписките игри за Милано Кортина 2026 и понатаму. Посветеноста на компанијата кон олимпиското движење наскоро навлегува во својата четврта деценија на партнерство и се протега до Лос Анџелес 2028 година. Целосните иновации на “Samsung” во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G, ќе го променат начинот на кој светот ги доживува Олимписките Игри.

За вклученоста на “Samsung“ во Параолимписките Игри
“Samsung” е светски партнер на Интернационалниот Параолимписки Комитет (IPC) во категоријата на безжични комуникации и компјутерска опрема. Почнувајќи од Зимските Параолимписки Игри во Торино 2006 година, компанијата гордо го поддржува Параолимпиското движење и им овозможува на спортистите и навивачите ширум светот да ја споделат возбудата и инспирацијата од Игрите преку трансформативната мобилна технологија на “Samsung”. Посветеноста на “Samsung” кон Параолимписките Игри ќе продолжи и во Лос Анџелес 2028 година и ќе биде одбележана преку иновативни мобилни и компјутерски искуства овозможени од наменски иновации во категоријата на безжична комуникација и компјутерска опрема, вклучувајќи опрема што содржи вештачка интелигенција, виртуелна реалност, изменета реалност и 5G.


[1] Oд сиво до сиво (“Gray-to-Gray”), времето кое му е потребно на еден пиксел да се префрли од една нијанса на сиво во друга.

- Advertisement -