ВИДЕО: Кацига автоматски се затемнува при посилно сонце

- Advertisement -

Нова технологија го олеснува возењето мотоцикл при силна сончева светлина со автоматско затемнување на визирот. Италијанската компанија IRID разви технологија со течни кристали која ги затемнува визирите на кацигите за мотоцикли за моментално да го намали отсјајот, а нема потреба од батерија за да работи.

Затемнувањето автоматски се активира со силна сончева светлина и се враќа во нормала кога поминувате низ тунел или надвор се стемнува. Ова значи дека не мора да ги вадите ракавиците за да го активирате прекинувачот на кацигата, како што би правеле со дополнителните визири што се наоѓаат во внатрешноста на конвенционалните модели.

- Advertisement -

Фотохромниот систем на Irid, чувствителен на светлина, користи филм од течни кристали, соларен панел, примарна леќа со висока прецизност и напреден огледален слој. Иако постојат и други фотохромни визири на хемиска основа кои се активираат кога се изложени на UV зраци, може да им треба речиси една минута за да се активираат или дури да се активираат во облачни услови кога тоа не е потребно.

Кога светлината ќе допре до соларен панел монтиран на врвот од визирот, таа веднаш го напојува течниот кристален филм на визирот за моментално активирање. Од Irid велат дека визирите имаат и внатрешен слој против замаглување и се отпорни на гребење, како што можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

Новите визири се веќе достапни кај францускиот производител на кациги Shark и се достапни во проѕирна, темна и иридиумско сина боја, а цената им е 390 евра (без кацигата). Можете да ги најдете визирите во онлајн продавницата на Shark на овој линк.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Irid)

- Advertisement -