Dreame го претстави новиот луксузен паметен телефон Aurora

- Advertisement -

По паметните прстени и акционите камери, брендот Dreame, кој стана познат по своите роботски правосмукалки, се проширува во бизнисот со паметни телефони.
Пред неколку недели, на настанот за лансирање во Полска, компанијата ги претстави Dreame RS1, Air1 и E1, а сега на профилот на компанијата на социјалната мрежа Weibo, објавени се фотографии од луксузниот паметен телефон Dreame Aurora, кој, барем се чини, не е базиран на ниту еден од тие три модели.

Дизајнот украсен со скапоцени камења и покриен со злато сигурно зрачи со раскош, а има три различни дизајни од кои можете да изберете.
Првиот изглед на Dreama Aurora е базиран на фениксот, митска птица која постојано се реинкарнира. Следниот дизајн е базиран на змеј со внимателно изработени лушпи. Третиот дизајн прикажува златен коњ.

- Advertisement -

Објавите на Weibo не вклучуваат никакви детали за хардверот, но зборуваат за тоа како овие дизајни се насочени кон „пребирливи колекционери“.
Исто така, не е познато дали луксузните модели на Aurora воопшто ќе бидат достапни надвор од Кина. Дури и да не бидат, RS1 има златна опција за оние кои мора да го имаат овој скапоцен метал. Патем, Dreame работи и на паметни прстени, акциона камера, па дури и на електричен автомобил.

Klix.ba

- Advertisement -

фото – Weibu профил на Dream

- Advertisement -