Најголематa колонија корали во светот откриена покрај австралискиот брег

- Advertisement -

Мајка и ќерка, и двете научници, ја открија најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на Австралија. Масивниот корал, пронајден на Големиот корален гребен, се протега колку должината на едно фудбалско игралиште.
AD

Според соопштението од организацијата за заштита Citizens of the Reef, коралот нареќен Павона клавус е долг околу 111 метри и зафаќа површина од приближно 3.973 квадратни метри. Ова ја прави една од најзначајните корални структури некогаш забележани на Големиот корален гребен и најголемата документирана и мапирана корална колонија во светот.

- Advertisement -

Коралот беше откриен кон крајот на минатата година од Софи Калковски-Поуп, координатор за морски операции на организацијата, и нејзината мајка, Јан Поуп, искусен нуркач и подводен фотограф. Јан Поуп нуркала на локацијата една недела претходно и почувствувала нешто посебно, па се вратила со својата ќерка и опрема за мерење.

„Штом скокнавме во водата, веднаш сфатив колку е значајно она што го гледаме. Ми требаа три минути само да пливам од едната на другата страна“, рече Калковски-Поуп. Заедно, тие снимија видео од себе како пливаат низ масивниот корал во облик на буквата J.

- Advertisement -

Големината на коралот Павона клавус беше потврдена со рачни подводни мерења и слики со висока резолуција направени од платформа на површината на водата. Овие податоци потоа беа искористени за да се создаде точен 3Д модел на коралот.

Серена Моу, истражувачки инженер во Центарот за роботика на Технолошкиот универзитет во Квинсленд, ја објасни важноста на таквото просторно моделирање.

- Advertisement -

„Ова значи дека можеме да се вратиме во наредните месеци и години и да направиме директни споредби за да разбереме како коралот се менува со текот на времето“, рече таа.

Научниците истражуваат дали специфичните услови на локацијата – силни плимни струи и мала изложеност на тропски циклонски бранови – би можеле да бидат одговорни за постоењето на толку голема корална структура. Точната локација на коралот се чува во тајност за да се намали ризикот од случајна штета.

Големиот корален гребен е најголемата жива структура на планетата, но во последниве години е погоден од низа катастрофални настани на масовно белење. Коралите низ целиот свет страдаат од слична судбина, при што повеќе од 80% од океанските гребени се погодени од глобалното белење, што започна во 2023 година поради рекордно високите температури на морето.

Откритието е дел од Големиот инвентар на гребени, иницијатива што ги охрабрува граѓаните-научници да собираат податоци и слики од гребени, а учествуваат повеќе од 100 бродови.

„Големиот инвентар на гребени ни помага да ги одредиме најважните извори на закрепнување на гребените, дозволувајќи им на научниците и менаџерите подобро да ги насочат своите напори за зачувување“, рече Пит Мамби од Универзитетот во Квинсленд.

Енди Ридли, извршен директор на Citizens of the Reef, ја нагласи важноста на вклучувањето на јавноста.

„Инвентарот на големите гребени беше развиен за да ги надополни постојните програми за следење со собирање големи количини на податоци. Ова е овозможено од луѓе кои веќе се на вода, како Софи и Јан, и илјадници граѓани-научници низ целиот свет“, заклучи тој.

(Index.hr/CNN)

(фото: Pixnio)

- Advertisement -