Шпанија ќе забрани енергетски пијалоци за лица под 16 години

- Advertisement -

Шпанскиот министер за социјални права и потрошувачка, Пабло Бустиндуј, објави дека земјата ќе ја забрани продажбата на енергетски пијалоци на лица под 16 години. Енергетските пијалоци ќе бидат забранети и за лица под 18 години ако содржат повеќе од 32 милиграми кофеин на 100 милилитри.

Бустиндуј рече дека енергетските пијалоци „станаа закана за здравјето на младите луѓе“, нагласувајќи дека нивната прекумерна консумација доведува до нарушувања на спиењето, промени во однесувањето и кардиоваскуларни заболувања.

- Advertisement -

„Ќе го донесеме овој пропис со најефикасен правен инструмент за да стапи во сила што е можно поскоро“, рече Бустиндуј, без да прецизира датум за негово спроведување.

Шпанскиот министер, исто така, оцени дека ова е мерка што ужива широка општествена поддршка, повикувајќи се на податоците од Шпанската агенција за безбедност на храната и исхрана (AESAN), според кои девет од десет шпански граѓани ја поддржуваат забраната, нагласувајќи дека поддршката кај младите луѓе на возраст од 18 до 35 години е 88,3%.

- Advertisement -

Истражувањето покажува дека околу 25% од испитаниците консумираат енергетски пијалоци во просек двапати неделно, додека речиси половина од оние што ги пијат консумираат барем еднаш дневно, а 47% редовно ги мешаат со алкохол.

Новата регулатива ќе се надоврзе на постојната забрана за продажба на енергетски пијалоци во училиштата низ Шпанија, која претходно ја иницираше Министерството за потрошувачка.

- Advertisement -

(021)

(фото: Flickr)

- Advertisement -