БЕАМ ги додели наградите за најдобрите настани за 2025 година

- Advertisement -

БЕАМ ги додели наградите за најдобрите настани реализирани во Македонија во 2025 година, на свечена церемонија што се одржа во Скопје. Фестивалот веќе четврта година ги препознава и наградува проектите што поставуваат нови стандарди во креативноста, продукцијата и стратегиската комуникација преку настани.

БЕАМ е фестивал што ја препознава и вреднува извонредноста во концепцијата, стратегијата и реализацијата на настани, а за добитниците одлучува жири комисија составена од 21 истакнат професионалец од индустријата. Проектите се оценуваат според однапред утврдени критериуми за креативност, ефикасност, продукциска вредност, квалитет на реализацијата и влијание во заедницата.

- Advertisement -

Гран При наградата за најдобар настан во 2025 година ја освои Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ за конференцијата Game Dev Rev 2025, која победи и во категоријата Најдобра конференција.

  • Четврта година ја славиме индустријата за настани и креативноста на луѓето кои ја создаваат. Имавме одлични пријави и сериозна конкуренција, а жири комисијата и оваа година имаше тешка и одговорна задача да ги избере најдобрите. Среќни сме што БЕАМ расте со секое издание и што наградата веќе се препознава како репер за квалитетот што се создава во оваа индустрија. Им честитаме на сите номинирани и на добитниците, изјави Маја Бабиќ, директор на БЕАМ.

Свечената церемонија ја водеше Огнен Јанески, додека наградите на добитниците им ги врачија членовите на жири комисијата.

- Advertisement -

Добитници на БЕАМ наградите за 2025 година по категории:

  • Најдобар културен настан – Infusion – 4. Фестивал на инклузија – Здружение Икуалити
  • Најдобар музички настан – Концертен караван „Нека трепка“ – Идеа Лаб
  • Најдобар корпоративен настан – 40 години НЛБ Банка – Публицис Груп
  • Најдобра конференција – Game Dev Rev 2025 – Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ
  • Најдобар настан за бренд активација – DM Find Your Beauty – Дивисион
  • Најдобар хуманитарен настан – Две години сјај, на хуманоста и нема крај – Дајмонд Мол
  • Најдобар ПР настан – 50 години, две легенди – BMW Серија 3 и Влатко Стефановски – Идеа Лаб
  • Најдобар спортски настан – Охрид Трчат 2025 – Атлетски клуб Охрид Трчат
  • Најдобар експо настан – DM Find Your Beauty – Дивисион
  • Гран ПриGame Dev Rev 2025 – Асоцијација на македонската индустрија за видео игри – МГИ

Фестивалот БЕАМ започна во 2023 година како платформа за препознавање и афирмација на извонредноста во индустријата за настани во Македонија. Со секое ново издание, БЕАМ поставува нови професионални стандарди, ја истакнува важноста на настаните како дел од современите комуникациски и маркетинг стратегии и ги поврзува најдобрите професионалци од оваа сфера.

- Advertisement -