Продолжуваат силните амплитуди на берзанската цена на нафтата. Во последниот час на берзите цената за барел американска нафта е веќе под 90 доларпи за барел. Иако во текот на денот во еден момент утрината достигна и до 120 долари . Минатата недела купувањето и продажбата на „црното злато “тргувањето затвори на близу 93 долари за барел, вечерва околу 21 часот по средноевропско време, нејзината вредност изнесуваше нешто над 87 долари за барел што е под цената во петокот.
До падот дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран „е речиси целосно завршена“, а министрите за енергија на Групата седум (Г7) сигнализираа дека би можеле да ослободат стратешки резерви на сурова нафта за да помогнат во компензацијата на големите прекини во снабдувањето предизвикани од војната во Иран, објавуваат светските медиуми.
Фото – Flickr






























