Австралискиот град Мелбурн е прогласен за најдобар град во светот за 2026 година според британското списание Time Out. Градот доби бројни пофалби за својата богата гастрономска, културна и уметничка сцена. За да се состави листата со топ 50 најдобри градови, уредниците на списанието анкетираа околу 24.000 луѓе од различни делови на светот.
Учесниците ги оценија градовите според 44 критериуми, вклучувајќи храна, ноќен живот, култура, достапност на објектите, среќа на жителите и општата атмосфера во градот.
Според списанието, Мелбурн се издвојува по својата разновидна понуда – од историски градби и уметнички галерии до развиена кулинарска сцена. Градот се наоѓа на реката Јара, која има големо културно значење за домородните заедници.
Зад Мелбурн на листата се најдоа бројни светски метрополи како што се Шангај, Единбург, Лондон, Њујорк, Кејптаун, Мексико Сити и други. Листата е базирана на искуствата на жителите и посетителите од 42 јазични области низ целиот свет.
(Kamatica)
(фото: Pexels)





























