Во време кога пристапот до финансиска поддршка е клучен за развојот на малите бизниси, земјоделството и индивидуалните претприемачки идеи, значајна улога играат финансиските институции кои се фокусирани на поддршката на луѓето и нивните иницијативи. Една од нив е Штедилница Можности – финансиска институција која повеќе од две децении работи на македонскиот пазар, обезбедувајќи пристап до финансиски средства и поддршка за развој на мали бизниси и лични инвестиции.
Со својата мисија да им помогне на луѓето да ги реализираат сопствените деловни идеи и да создадат подобра економска иднина, институцијата се позиционира како партнер на претприемачите, земјоделците и граѓаните кои сакаат да го унапредат својот бизнис или личен развој.
Во продолжение разговараме со управителот Иво Зимоски за улогата на Штедилницата во поддршката на локалната економија, новите финансиски производи и можностите за орочување на депозитите кои им се нудат на граѓаните и компаниите.
Новинар- Верица Јорданова
За почеток, г-н Зимоски, каква е улогата на Штедилница Можности во поддршката на малите бизниси и претприемачите во Македонија и развојот на штедењето?
Штедилница Можности денес е препознатлива финансиска институција со јасна мисија и стабилна пазарна позиција во сегментот на население и микро и мали клиенти. Кредитната поддршка што ја нудиме во овој сегмент е од исклучително значење за развојот на бизнисите и обезбедување работен капитал. Во исто време значајно внимание посветуваме и на развојот на штедењето. Штедењето е основа на стабилноста на секоја финансиска институција и важен инструмент за финансиска сигурност на граѓаните и компаниите. Нашата цел е да поттикнеме култура на штедење преку конкурентни и едноставни штедни производи, со кои клиентите ќе можат безбедно да ги планираат и остварат своите идни финансиски цели. На македонскиот банкарски пазар кој е силно регулиран, Штедилница Можности има специфична и комплементарна улога во однос на банките. Нашата конкурентска предност не е големината, туку пристапот, флексибилноста и опфатот.
Целта е Можности да биде водечка микрофинансиска институција со силен импакт на локалната заедница преку одржлив раст на квалитетно кредитно портфолио, одржување на личен пристап во кредитирањето и збогатување на понудата со нови продукти и услуги.
Каде ги лоцирате клучните конкурентски предности на Можности во однос на конкуренцијата?
Нашата најважна конкурентна предност е поставувањето на клиентот во фокусот, односно секоја наша кредитна одлука вклучува индивидуално запознавање на клиентот и неговата дејност. Во силната конкуренција на финансискиот пазар ние сме препознатливи по брзината на одлучување, широката деловна мрежа, длабокото познавање на локалните клиенти и флексибилните кредитни модели.
Во делот на депозитните продукти, Штедилницата има атрактивни услови за орочени депозити како за физички лица, така и за компаниите.
Кои се главните предизвици со кои се соочуваат малите бизниси при обезбедувањето финансии и како Можности им помага во тој процес, особено на сегментите со понизок расположлив доход?
Фокусот за поддршката на овие сегменти е преку прилагодени кредитни продукти и советодавна поддршка, едноставна документација за аплицирање, флексибилни амортизациони планови според сезонскиот карактер на дејноста. Секој производ е структуиран според реалниот паричен тек на клиентот.

Покрај штедни производи за физички лица, Штедилницата воведе депозитни производи наменети и за правни лица. Зошто се одлучивте на овој чекор?
Воведувањето на депозитни продукти за компаниите претставува природен чекор во развојот на Штедилницата за да им понудиме на компаниите едноставни, сигурни и достапни финансиски решенија за управување на нивната ликвидност и остварување финансиски приходи. Штедењето отсекогаш било една од темелните активности на Штедилницата. Со постојано унапредување на условите кај штедните продукти за физички лица сакаме дополнително да им понудиме и на компаниите сигурни начини да ги планираат и зголемуваат своите ликвидни средства.
За нас е особено значајно што воведувањето депозитни производи за правни лица се надоврзува на довербата што веќе 25 години ни ја укажуваат штедачите. Голем број клиенти во изминатиот период ја препознаа Штедилницата како сигурно место за своите заштеди, а таа доверба е најсилната потврда за нашата стабилност, одговорност и посветеност кон клиентите. Токму затоа, и понатаму ќе продолжиме да развиваме производи кои се едноставни, сигурни и прилагодени на реалните потреби на граѓаните и бизнисите.
На кој начин го балансирате односот меѓу ризикот и поддршката на локалната заедница?
Поддршката на локалната заедница не значи преземање неразумен ризик. Нашата институција постои повеќе од четврт век на пазарот точно поради квалитетните кредитни политики, квалитетната анализа на капацитетите за кредитна отплата, темелното познавање на клиентите со теренска проверка и силна диверзификација на портфолиото. Одговорното кредитирање е клучот за долгорочниот импакт што го постигнуваме.
Дали во последно време има нови програми, кредитни линии или иницијативи кои се насочени кон поддршка на претприемништвото или земјоделството? Какви зелени продукти нудите во моментов?
Имаме посебни програми за жените претприемачи и жените земјоделци. Овој месец како месец на жената, Штедилница Можности има специјална понуда овозможувајќи им на жените од овие групи 10 % попуст на каматната стапка за сите барања кои ќе се аплицираат во месецот март.
Штедилница Можности може да се пофали дека има повеќе од 20 години искуство во делот на зеленото кредитирање кон домаќинствата, а во последните години добрите пракси се реплицираа и кај компаниите.
Зелените инвестиции за нас претставуваат инвестиции во одржлива иднина, подобра животна средина и подобар квалитет на живот за граѓаните. Тие подразбираат поддршка на проекти и активности кои придонесуваат за поефикасно користење на енергијата, намалување на трошоците и заштита на природните ресурси како кај домаќинствата, така и кај бизнисите.
Како финансиска институција, настојуваме да ги преточиме овие принципи во конкретни производи и решенија за клиентите. Затоа, во нашата понуда имаме повеќе кредитни производи наменети за зелени инвестиции, како што се инвестиции во енергетската ефикасност, обновливи извори на енергија и подобрување на условите за живеење и работа. Дел од овие кредити се нудат и со грантова компонента, што дополнително ги стимулира клиентите да инвестираат во решенија кои се одржливи и економски исплатливи. На овој начин, покрај финансиската поддршка за клиентите, придонесуваме и кон пошироката цел – одржлив економски развој и заштита на животната средина.
Досегашното искуство е позитивно бидејќи постојано забележуваме раст на интересот, а веќе реализираните проекти покажуваат резултати кај крајните корисници преку намалени трошоци за енергија кај клиентите и намалени емисии во животната средина.

Кои се главните предизвици со кои се соочуваат жените претприемачи и малите бизниси при обезбедувањето финансии и како Можности им помага во тој процес?
Жените претприемачи и малите бизниси често се соочуваат со специфични предизвици при пристапот до финансии и развојот на нивните бизниси. Еден од најчестите е ограничениот пристап до соодветно обезбедување, бидејќи во многу случаи имотот кој може да се понуди како гаранција не е во нивна сопственост или е недоволен. Дополнително, начинот на водење на дел од бизнис-активностите кај микро и малите претпријатија понекогаш може да го отежне класичниот пристап кон кредитна анализа.
Токму затоа, како финансиска институција која традиционално работи со микро и мали бизниси, настојуваме овие предизвици да ги адресираме преку пофлексибилен пристап во кредитната анализа. Тоа вклучува модели на обезбедување кои се прилагодени на реалните можности на клиентите, како и кредитна анализа која го зема предвид реалниот бизнис-потенцијал, искуството на претприемачот, стабилноста на бизнисот и пазарот на кој работи.
Нашата цел е да овозможиме полесен пристап до финансии и поддршка во развојот на идеи и бизниси, затоа што веруваме дека нивната економска активност има значајна улога во развојот на локалната економија и создавањето нови можности.

Какви се плановите на Штедилница Можности за понатамошниот развој и проширување на услугите во иднина?
Планираме Штедилница Можности во наредниот период да продолжи да се развива со стабилен, одржлив и општествено одговорен раст. Тоа значи континуирано јакнење на нашата позиција како доверлив финансиски партнер за граѓаните, микро и малите бизниси, преку понуда на производи и услуги кои се прилагодени на нивните реални потреби.
Во фокусот ќе остане поддршката на претприемништвото, особено на микро и малите бизниси, поддршка на младите и жените, како и промоција на понудата за штедење која придонесува за финансиска стабилност на клиентите. Паралелно со тоа, ќе продолжиме да се развиваме во дигитализацијата, подобрувањето на процесите и квалитетот на услугите, со цел клиентите да добијат побрзо, поедноставно и поефикасно корисничко искуство.
Истовремено, ќе останеме посветени на финансиската инклузија и финансиската едукација, како важни сегменти од нашата мисија. Веруваме дека долгорочниот успех на една финансиска институција се гради преку доверба, стабилност и одговорно работење, и токму тие принципи ќе продолжат да го водат развојот на Штедилницата и во иднина.


Кои иновации ги планирате во следниот период?
Во наредниот период планираме значително да го засилиме процесот на дигитализација, со фокус на унапредување на услугите и поедноставување на пристапот на клиентите до финансиските производи. Нашата цел е преку современи решенија да обезбедиме побрзи, поефикасни и поедноставни процеси.
Еден од приоритетите е и унапредување на дигитални платформи за аплицирање и одобрување на кредити, кои ќе им овозможат на клиентите на поедноставен начин да поднесат кредитно барање, да ги следат чекорите на обработка и брзо да добијат одговор. Паралелно со тоа, работиме на поголема автоматизација на интерните процеси што ќе придонесе за побрза обработка на барањата, поголема конзистентност во анализата и подобро управување со ризиците.
Нашата амбиција е дигитализацијата да биде поддршка на основната мисија на Штедилницата – да им обезбедиме на клиентите достапни, сигурни и современи финансиски услуги кои одговараат на нивните реални потреби.






























