Извршниот директор на Pinterest, Бил Реди, ги повика светските лидери да ги забранат социјалните мрежи за лица под 16 години.
„Ни треба јасен стандард – без социјални мрежи за тинејџери под 16 години – поткрепен со вистинско спроведување и одговорност за мобилните оперативни системи и апликациите што работат на нив“, напиша Реди.
Реди ја наведе забраната на социјалните мрежи во Австралија за лица под 16 години како пример.
Изјавата на Реди доаѓа во време кога во Лос Анџелес се води судење за користењето на социјалните медиуми кај младите. Google и Meta се соочуваат со обвинувања дека нивните апликации поттикнуваат криза во менталното здравје кај младите. Поротата разгледува пресуда.
Во барањето за забрана Реди зазема различен став од лидерите на најголемите технолошки компании во светот, кои се соочуваат со растечки притисок од регулаторите, судовите и законодавците да го променат начинот на кој децата и тинејџерите ги користат своите производи поради нивното влијание врз менталното здравје.
Корисниците мора да имаат 13 години за да се регистрираат за сметка на Pinterest во САД.
Компанијата во последните години се обидуваше да се позиционира како страница за Генерацијата Z, која е широко дефинирана како луѓе родени помеѓу 1997 и 2012 година. Една третина од корисниците на Pinterest се на возраст помеѓу 17 и 25 години.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)






























