Започнува проектот „AgriSHIFT – одржливо земјоделство“, иницијатива насочена кон поддршка на земјоделците во Македонија во справувањето со последиците од климатските промени преку современи и одржливи практики. Проектот е финансиран во рамки на програмата за меѓународна развојна соработка на Република Словенија, со дополнително кофинансирање од локалниот партнер и други придонеси од вклучените организации.
Проектот го води Форум за праведен развој (FER) од Р. Словенија, а во земјава го спроведува Милиеуконтакт Македонија (MKM). Активностите ќе се реализираат во периодот од јануари 2026 до септември 2028 година.
Иницијативата доаѓа во време кога земјоделството во државата се соочува со зголемени суши, нерамномерна распределба на водните ресурси и ограничен пристап до современи технологии. Особено погодени се жените и младите во руралните средини. Проектот предвидува директна поддршка за земјоделците преку обуки, менторство и финансиска помош, со цел зголемување на продуктивноста и отпорноста на фармите.
Што предвидува AgriSHIFT:
- Поддршка за најмалку 50 земјоделци и нивните семејства
- Обука на 40 земјоделци за климатски паметни практики
- Формирање 4 демонстративни парцели на кои ќе се тестираат и прикажуваат практики за ефикасно користење на вода, подобрување на почвата и климатски отпорно земјоделство
- Микро-грантови за 12 земјоделски иницијативи
- Финансиска поддршка за отпочнување на 4 бизниси управувани од жени
- Формирање земјоделска задруга со најмалку 40% жени.
Активностите ќе се спроведуваат во три речни сливови – Вардар, Струмица и Црн Дрим – во општините Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Струга, Вевчани и Дебар.
Проектот вклучува и активности за унапредување на родовата еднаквост, со посебен фокус на економско зајакнување на жените во земјоделството. Проектот е финансиран во рамки на програмата за меѓународна развојна соработка на Република Словенија, со дополнително кофинансирање од локалниот партнер и други придонеси од вклучените организации.
Проектот е финансиран во рамки на програмата за меѓународна развојна соработка на Република Словенија, со дополнително кофинансирање од локалниот партнер и други придонеси од вклучените организации.
„AgriSHIFT“ има за цел да поттикне премин кон одржливо и климатски отпорно земјоделство преку подобро управување со природните ресурси, трансфер на знаење и развој на нови економски можности за руралното население.
Фото – Flickr




























