Пратките од ТЕМУ под нов удар во ЕУ, од јули стартува давачка од 3 евра

- Advertisement -

Од 1 јули ЕУ воведува давачка од 3 евра за мали пратки под 150 евра, а до ноември се најавува и дополнителна такса за обработка, мерки што ќе ги погодат платформите како ТЕМУ и АЛИЕКСПРЕС

Европската унија од 1 јули 2026 година ќе воведе фиксна давачка од 3 евра за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ, Шеин и АлиЕкспрес. Според Советот на ЕУ, оваа привремена давачка е дел од поширок обид за поголема контрола врз евтините увози и за заштита на европскиот пазар.

- Advertisement -

Нов договор постигнат во март носи и дополнителна такса за обработка на малите пратки, која треба да почне да се применува најдоцна до 1 ноември 2026, а нејзиниот точен износ допрва ќе го утврди Европската комисија. Во пакетот реформи влегуваат и построги казни за платформите што внесуваат опасни или нелегални производи на европскиот пазар.

Брисел ги засилува мерките поради огромниот раст на евтините пратки. Само во 2024 година во ЕУ влегле 4,6 милијарди мали пратки, а повеќе од 90 проценти од нив дошле од Кина. Европските институции велат дека целта е поголема безбедност за потрошувачите, пофер услови за домашните трговци и посилен надзор врз онлајн платформите.

(Kariera.mk)

- Advertisement -

Фото – Ftm

- Advertisement -