Битолскиот стартап ding.mk освои прво место на Green Tech Pelagonia Startup Програмата

- Advertisement -

Битолскиот стартап ding.mk освои прво место на Green Tech Pelagonia Startup Program, програма на PREDA Plus насочена кон поддршка на иновативни и одржливи бизнис идеи од Пелагонискиот регион.

Станува збор за ding.mk, платформа за индустриски мониторинг фокусирана на дигитализација и оптимизација на процесите, што директно придонесува кон заштеда на ресурси и одржливост.

- Advertisement -


Во изминатите месеци бевме дел од стартап програмата на PREDA Plus, посветена на зелени технологии, одржливи решенија и иновации од Пелагонискиот регион. Програмата се одвиваше од јануари до март 2026, со сесии во UKLO COLORS CoSpace во Битола, а заврши со Demo Day на 31 март 2026 во UTOPIA Academy. Во текот на процесот учевме, тестиравме, ја подобрувавме идејата и се подготвувавме за финалниот настап со поддршка од менторите Сања Митровска, Љубица Ангелкова, Гого Рафајловски и Катерина Лалевска. Голема благодарност до PREDA Plus, до сите ментори, до жирито Христина Фуна, Антонио Наумовски и Васко Богдановски, како и до EBRD и CIF за поддршката на програмата, и до ПроКредит Банка за наградата. Ова е голем мотив за нас и уште поголема обврска да продолжиме да го развиваме ding.mk“, вели тимот на овој стартап.

Green Tech Pelagonia 2026 беше наменета за стартап тимови од 2 до 5 членови, во рана фаза на развој, со фокус на практични технолошки решенија, зелени иновации, одржливо управување со ресурси, агротек, еко туризам, FoodTech и решенија со позитивен еколошки импакт.

- Advertisement -

Учеството во програмата беше бесплатно, а избраните 10 тима добија можност да поминат низ интензивна менторска програма од јануари до март 2026. Тимовите работеа според Google Sprint методологијата, преку групни и индивидуални сесии насочени кон дефинирање на проблем, обликување на решение, тестирање на пазарна релевантност и подготовка на pitch deck.

- Advertisement -