Виталиа го одбележува 7 април – Светскиот ден на здравјето

- Advertisement -

Здравата исхрана и добрите животни навики претставуваат основа за подобрување на квалитетот на животот. Токму тоа е водилка на Виталиа, компанија која повеќе од 30 години ги промовира здравите вредности и со своите производи им овозможува на потрошувачите секогаш да имаат вкусна и балансирана опција што го поддржува нивниот здрав животен стил.

По повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, се потсетуваме на важноста од грижата за внатрешното здравје и целокупната добросостојба. Грижата за себе започнува со мали, но конзистентни чекори, кои со текот на времето прераснуваат во здрави навики. Тие можат да се изградат во секој период од животот, потребни се само посветеност и дисциплина.

- Advertisement -

„Здравиот живот започнува со храната што ја консумираме“ е порака што сè почесто ја слушаме. Од најрана возраст, храната е нашиот главен извор на енергија, за учење, движење, развој и секојдневно функционирање. Затоа, изборот на квалитетни производи со внимателно избрани, природни состојки и богат нутритивен состав е од клучно значење.

Како бренд кој повеќе од три децении стои зад здравите навики, Виталиа нуди многу повеќе од прехранбени производи, нуди комплетно решение за здрав животен стил. Портфолиото опфаќа широк спектар производи  од гранола, мусли и овесни каши, до иновативни солени и слатки намази, како и протеински производи. Сите тие се создадени да одговорат на современите потреби на потрошувачите за вкусен, практичен и нутритивно вреден оброк или ужина, без компромис.

- Advertisement -

Производите на Виталиа се наменети за сите генерации од деца и млади, до активни спортисти, идни мајки и лица со специфични нутритивни потреби. Развиени според современи стандарди и направени од внимателно одбрани состојки, тие претставуваат сигурен избор за секојдневна грижа за здравјето.

Годинешната тема на Светскиот ден на здравјето – „Заедно за здравје. Обединети со науката“  става акцент на значењето на колективното дејствување и довербата во научните сознанија. Пораката повикува на заедничко одбележување на научните достигнувања, споделување лични искуства и поттикнување на позитивни промени во секојдневниот живот.

- Advertisement -

Нека овој ден биде поттик за нов почеток. Со поддршка од Виталиа, направете чекор кон поздрав, поквалитетен и поенергичен живот. Зашто вистинската грижа за здравјето започнува од секојдневните избори, од начинот на кој се грижиме за себе и од храната што ја внесуваме.

- Advertisement -