Имате вишок 500.000 евра? Можете да купите парче од Ајфеловата кула

- Advertisement -

Заборавете на магнетите за фрижидер и маиците со натпис „Paris“. За оние со длабок џеб и дополнителен простор во дневната соба, на 21 мај се отвора можност што не смеете да ја пропуштите: аукцијата на оригинално парче од Ајфеловата кула.

Тоа е автентичен сегмент од спиралните скали што некогаш ги поврзувале вториот и третиот кат од кулата, токму делот што водел до приватната канцеларија на Густав Ајфел.

- Advertisement -

Кога кулата била изградена за Светскиот саем во 1889 година, лифтовите биле иднината, а скалите биле сурова реалност. Дури во 1983 година, за модернизација и инсталација на нови лифтови, познатите спирални скали биле отстранети. Тие биле исечени на 24 парчиња: неколку завршиле во музеи (Орсеј, Ла Вилет), едно останало на првиот кат од кулата, додека останатите биле продадени на аукции и расфрлани низ целиот свет, од Дизниленд до приватни колекции во Јапонија, објавува Time Out.

Сега анонимен сопственик, кој четири децениии го чувал своето парче од 2,6 метри, решил да се раздели со својот железен сувенир.

- Advertisement -

Аукциската куќа Artcurial проценува дека ова парче ќе достигне цена од најмалку 50.000 евра, но историјата нè учи дека колекционерите не прашуваат за цена кога станува збор за симболот на Франција.

На пример, во 2013 годинa сегмент со 19 скалила беше продаден за над 212.000 евра. Рекордот беше поставен во 2016 година, кога, по брутална „војна на лицитирање“, сличен дел од кулата беше продаден за неверојатни 523.800 евра.

- Advertisement -

Ваквите аукции ја демонстрираат стабилноста на пазарот за историски сувенири. За инвеститорите ова не е само куп железо од 19 век, туку „имот, чија вредност се зголемува со секоја деценија. Поседувањето на дел од најпосетуваната атракција во светот е прашање на престиж што ги надминува класичните инвестиции во уметност или недвижности.

Значи, ако имате вишок половина милион евра и таван три метри повисок, означете го 21 мај во вашиот календар.

(Bizlife)

- Advertisement -