Просечниот вработен губи помеѓу 1,3 и 1,5 работни дена месечно поради таканареченото дигитално триење, т.е. учење дигитални системи и совладување на лошо имплементирани алатки за вештачка интелигенција што никогаш не ги користат во реалната работа.
Речиси 42 проценти од компаниите пријавиле загуба на приходи бидејќи нивните деловни процеси станале премногу комплицирани поради премногу „паметни“ алатки.
Некритичкото собирање дигитални сертификати и обуки стана одбранбен механизам што ја задушува вистинската продуктивност и носи хроничен стрес, објави HR Xcel.
Вистинската дигитална писменост во 2026 година не е познавањето на секоја нова алатка, туку способноста на лидерите да препознаат што можат да игнорираат.
Верувањето дека поседувањето дигитална алатка е исто што и вештина доведе до високи трошоци за компаниите. Вработените трошат работни часови на обука за модели и софтвер за вештачка интелигенција што остануваат „мртва буква на хартија“.
Резултатот е собирање дигитални сертификати, додека основните процеси остануваат бавни и непроменети.
Според податоците, 36 проценти од вработените размислуваат да дадат отказ оваа година не поради плата, туку поради замор од нефункционална технологија и постојаниот притисок да држат чекор со неважните трендови.
(021)






























