Првата фотографија прикажува „заоѓање на Земјата“, додека астронаутите ја здогледале нашата планета како се појавува над кратерскиот месечев пејзаж.
НАСА ги објави првите фотографии што астронаутите од „Артемис II“ ги направија за време на нивниот прелет покрај Месечината.
Првата фотографија прикажува „заоѓање на Земјата“, додека астронаутите ја здогледале нашата планета како се појавува над кратерскиот месечев пејзаж.


Втората фотографија го прикажува спектакуларното затемнување на Сонцето што астронаутите го набљудувале додека Месечината го покривала Сонцето.
НАСА не соопшти кој од астронаутите, кои сега се на пат назад кон Земјата по прелетот, ги направил фотографиите. Астронаутите ги снимиле фотографиите за време на шестчасовниот прелет, вклучително и во периодот на радио-молк кога нивната капсула била зад Месечината.’
НАСА во описот наведе дека фотографијата со изгрејсонцето на Земјата била направена низ прозорецот на вселенското летало „Орион“ во 18:41 часот по источнокрајбрежно летно време во понеделникот.
„Темниот дел од Земјата е во ноќ. На дневната страна на Земјата се гледаат вртложни облаци над регионот на Австралија и Океанија“, соопшти НАСА. „Во преден план, кратерот Ом има терасести рабови и рамно дно нарушено од централни врвови. Централните врвови се формираат кај сложените кратери кога месечевата површина, втечнета при ударот, се издигнува нагоре за време на формирањето на кратерот.“
(Meta)
Фото – НАСА






























