Црногорски хотел ги повика астронаутите на НАСА на бесплатен одмор после мисијата

- Advertisement -

Додека светот со внимание ја следи вселенската мисија Artemus II еден хотел во регионот одлучи да покаже како изгледа вистинското балканско гостопримство.

Хотелот Huma Kotor Bay испрати симпатична и хумористична порака до екипажот на мисијата. Тие преку својот Instagram профил им порачаа да ги следат со восхит, но и веќе да размислуваат за нивното враќање на Земјата. Бидејќи, како што велат – знаат дека ќе бидат исцрпени по патувањето околу Месечината, па затоа решија да им понудат нешто што ниедна вселенска станица го нема: вистински одмор.

- Advertisement -

„Ве чекаме да ве угостиме и да ви обезбедиме заслужен мир и релаксација на најмагичното место на планетата“, пишува во објавата што брзо привлече внимание на социјалните мрежи.

Престојот е, се разбира, на сметка на куќата.

- Advertisement -

Иако астронаутите се дел од историска мисија, во Котор веќе ги чека поглед на Которскиот Залив, сонце кое не бара филтер и можеби најважното, целосно ресетирање по нивната вселенска авантура.

Овој потег е одличен пример за маркетинг во реално време, каде што брендовите користат глобални настани за да ги соопштат своите вредности. Нудејќи гостопримство на астронаутите кои ќе ги поминат своите денови во тесната капсула Orion, Huma Kotor Bay интелигентно се фокусираше на своите клучни атрибути: мир, регенерација и врвна удобност во Которскиот Залив.

- Advertisement -

Додека сè уште чекаме да видиме дали астронаутите по слетувањето во Пацификот ќе одлучат да летаат преку океанот до Црна Гора, едно е сигурно – хотелот Huma Kotor Bay веќе успеа да го лансира својот бренд во самата орбита на вниманието на регионалната бизнис заедница.

(Bizlife)

- Advertisement -